Дали се опасни руските навивачи? | Панорама | DW | 18.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Дали се опасни руските навивачи?

Засега тоа не е случај, но на Запад и натаму многумина се прашуваат дали на Мундијалот во Русија ќе дојде до масовни тепачки меѓу навивачите. По судирите на ЕП 2016. во Франција, руските навивачи не ги бие добар глас.

Откако беше донесе одлуката Светското фудбалско првенство 2018 да се одржи во Русија, руските навивачи се најдоа под притисок од владата. За тоа зборува основачот на навивачката група „Можев да останам и дома“ на руската апликација за пораки „Телеграм“. Тој во разговорот за ДВ го користи корисничкото име „Влад МДС“.

Кога за време на Европското фудбалско првенство 2016 година во Франција среде Марсеј дојде до масовна тепачка меѓу навивачи од Русија и од Англија, руските власти го завршија дијалогот со фудбалските навивачи. Оттогаш со нив се занимаваа само органите за безбедност, изјави лидерот на Серуското здружение на фудбалски навивачи, Александар Шпригин за ДВ.

По една тепачка меѓу 200 навивачи на московските клубови Спартак и ЦСКА на крајот на јануари 2016. година, за првпат е започната кривична постапка. Пред тоа учесниците на ваквите тепачки главно се извлекуваа со парична казна.

Повеќе:

-Проблемот со хулиганите е потценет

-Руски хулигани: тепачка за татковината

-Дивеењето на ЕП не престанува

Повлекување на прерифериите од градовите

Фанатизмот меѓу фудбалските навивачи во Русија започна уште во 70-тите години од минатиот век. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, тој се зголеми. Така на крајот на 90-тите години доаѓаше до масовни тепачки меѓу стотици навивачи во градовите.

„На почетокот на новиот милениум, движењето на навивачите во Русија го достигна својот врв“, се присетува Шпригин. Некаде во исто време органите на власта за анти- екстремизам почнаа да се борат против фудбалските навивачи, вели тој.

Влад МДС нагласува дека Кремљ уште тогаш почнал да исполнува и некои други цели. „Властите сакаа да воспостават добар однос со одредени групи навивачи, за да ја користат нивната лојалност за сопствени цели“, објаснува тој.

Во овој контекст, рускиот новинар Михаил Сигар во својата книга „Сите луѓе на Кремљ“ опишува како некогашниот заменик на претседателската администрација, Владислав Сурков го основал младинското движење „Наши“- блиско на Кремљ.

Во втората половина на 2000-тите фудбалските навивачи буквално се повлекуваат од видното поле на безбедносните органи во шумите на перифериите од градовите. Помалку навивачи учествуваат во тепачки- најмноги 10 до 30 на секоја страна. Во тоа време се основани групи на навивачи- вклучувајќи го и Серуското здружение на навивачи.

„Министерот за спорт беше со нас во постојан контакт, а Серуското здружение на навивачи е примено во Рускиот фудбалски сојуз. Путин со нас се среќаваше двапати, како и претседателите на организациите ФИФА и УЕФА. Јас бев дел од организацискиот одбор за Светското првенство 2018 во Москва“, нагласува Шпригин. Но тоа сега се промени.

Подготовки за Светското првенство 2018

Според зборовите на Шпригин, случувањата во Марсеј во летото 2016. година беа пресвртница. „Серуското здружение на навивачи е обвинето за однесувањето на навивачите во Франција и е исклучено од Рускиот фудбалски сојуз“, раскажува тој. Неговата организација морала да запре со својата работа. Вработените во Центарот за борба против екстремизам и ФСБ со лидерите од другите навивачки движења редовно воделе превентивни разговори.

Доколку се случеле конфликти на стадионите или надвор од нив, се спроведувале истраги, а доаѓало и до апсења, сослушувања и започнување на казнени предмети.

„Тоа се превентивни мерки пред почетокот на Светското фудбалско првенство“, раскажува Влад МДС. Под притисок од власта „многу навивачи ги напуштија движењата и се повлекоа“ и многу регионални групи на навивачи привремено ги суспендираа своите активности.

Соговорниците на ДВ сметаат дека сепак нема да има опасни тепачки за време на Мундијалот: „Секаде каде што се сретнуваат фудбалот, спортот, емоциите и толпите, се разбира може да дојде до поединечни тепачки“, објаснува Шпригин. Но масовни тепачки како онаа во Марсеј, под актуелните безбедносни мерки, не се возможни.

„Руската полиција ќе реагира поинаку од онаа во Марсеј, која едноставно ја набљудуваше тепачката. Кај нас ќе се спречи формирање на големи групи“, објаснува Шпригин.

 

DW.COM

Реклама