Воените маневри „Морски ветeр 2021“ ги зголемуваат тензиите | Свет | DW | 29.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Воените маневри „Морски ветeр 2021“ ги зголемуваат тензиите

Кратко по инцидентот со британски воен брод пред Крим, Украина и САД ги започнуваат меѓународните воени вежби во Црното Море, најголеми во последните децении.

Само пред неколку дена инцидент пред Крим, кој е анектиран од Русија, предизвика внимание –кон  британскиот разурнувач „ХМС Дифендер“ кој пловел од украинското пристаниште Одеса кон Грузија, руската војска испалила предупредувачки истрели. Инцидентот предизвика тензии меѓу Москва и Лондон. Вчера пак пред украинскиот брег започнаа меѓународни воени маневри „Морски ветрец“, предводени од Украина и САД.

Големи бројки, прегледни сили

На прв поглед бројките се импозантни – во маневрите кои ќе траат до 10 јули, учествуваат 32 бродови, 40 авиони и хеликоптери, како и 5.000 војници од 24 нации, меѓу другите од САД, Велика Британија, Франција, Турција, Израел и Мароко, како и од Јапонија, Јужна Кореја и Австралија. Германија овој пат не учествува. Ова се најголемите маневри во последните децении, откако во 2020 година беа редуцирани поради пандемијата на коронавирус.

Планирани се различни вежби во вода и воздух и на копно, а целта е приближување на Украина до стандардите на НАТО и постигнување подобра меѓународна соработка во обезбедувањето на мирот во регионот, се вели од Министерството за одбрана во Киев. Ако се погледне подобро, силите кои учествуваат не се толку бројни: 24 од 32 бродови се од Украина. Украинската морнарица, стационирана во Одеса, меѓутоа располага само со мал број вистински употребливи воени бродови и затоа е приморана да користи мали патролни чамци. Во маневрите учествуваат само мал број западни НАТО-воени бродови, меѓу кои и американскиот разорувач „УСС Рос“,вооружен со крстаречки ракети „Томахавк“.

Infografik Sea Breeze 2021 Militärmanöver im Schwarzen Meer DE

График за учесниците во маневрите „Морски ветар 2021“

Што е „Морски ветeр“?

„Морски ветeр“ е најстарата, најголемата и најпознатата меѓународна воена вежба на Украина од нејзината независност од Советскиот Сојуз пред 30 години. Маневрите кај северозападниот брег на Црното Море се изведуваат секоја година од страна на Украина и САД, а подлога претставува Меморандумот од 1993 година за воена соработка меѓу Киев и Вашингтон. Првите маневри во Црното Море беа одржани во 1997 година, две години претходно, во 1995 година, Русија и Украина го окончаа долгогодишниот спор околу поделбата на црноморската флота.

Повеќе:

Големи воени маневри во Црното Море

Тајни британски документи пронајдени на автобуска станица во Англија

Путин го напаѓа кредибилитетот на НАТО  

САД ги финансираат маневрите, Украина става на располагање терени за вежби во областа на Одеса, Миколајив и Шерсон. Учествуваат секогаш повеќе земји, најчесто членки на НАТО и држави од регионот на Црно Море, со исклучок на Русија. Само еден единствен пат, во 1998 година, во „Морски ветар“ учествуваа и бродови и војници на руската црноморска флота.

Сигнал на солидарност со Украина

По анексијата на Крим, „Морски ветeр“ има посебно значење за Киев. Украинската морнарица ја загуби својата база и повеќе бродови на полуостровот, анектиран од Русија. Уште претходно, руската црноморска флота беше убедливо надмоќна во однос на украинската морнарица. По 2014 година руската флота е обновена и засилена со повеќе воени бродови, меѓу кои и такви кои се опремени со крстаречки ракети „Калибр“.

Украина ја претвори Одеса во нова база, кон која се упатуваат и бродови на НАТО. Поради неизбалансираноста на силите со Русија, „Морски ветeр“ во Киев се смета за знак на соидарност.

Русија предупредува и посматра

Русија гледа сѐ покритички на маневрите во Црното Море. Во април годинава руската црноморса флота одржа невообичаено масивни маневри на Крим, на кои според сопствени наводи учествувале околу 10.000 војници и 40 воени бродови. Во акцијата партиципирале и бродови од други руски сојузници. Освен тоа, Москва до крајот на октомври прогласи блокада за странскиот бродски сообраќај на делови од Црно Море пред Крим.

Невообичаен беше и апелот на Москва до САД и членките на НАТО, да не учествуваат во маневрите „Морски ветeр“. Русија многу внимателно ќе ги набљудува украинско-американските маневри и по потреба ќе реагира, изјави портпарол од руското Министерство за одбрана.