Бојкотот на Мундијалот во Русија е поздрав од популистичка фракција | Свет | DW | 24.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бојкотот на Мундијалот во Русија е поздрав од популистичка фракција

Политичари во Германија предлагаат да се преиспита доделувањето на организацијата на Светско фудбалско првенство на Русија, што треба да се одржи за четири години. Изгледите за тоа се мали, ама целта е постигната.

Лето е, а пратениците во Бундестагот се на одмор. Ваквото време во медиумите се нарекува летна празнина. Во ова време е голема шансата политичарите да привлечат големо внимание со бесмислени теми или малкуизгледни барања. Во ова совршено се вклопува повикот до ФИФА да им се одземе на Русите организацијата на Светското фудбалско првенство во 2018 година поради украинската криза и неподготвеноста за помош при разјаснување на падот на малезискиот авион на летот МХ17.

Нарушениот имиџ останува пресметан

Јас не гледам, искрено кажано, дека Русија се тресе. Светското фудбалско првенство ќе се одржи за четири години, речиси ниту еден стадион не е изграден, а подоцнежното нивно користење во многу градови, слично како и во Бразил, и така и така е неизвесно. Многу пари досега не се попусто фрлени.

Sabine Faber DW-Mitarbeiterin

Сабине Фабер, авторка на коментарот

Освен тоа, воодушевеноста од фудбалот во земјата е значително помала во одонос, на пример, на хокејот на мраз или останатите зимски спортови. Претседателот Владимир Путин со организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи доволно го исполира својот имиџ.

Но, како што ми кажа еден експерт за Русија, претставата за тоа дека на едно Светско првенство доаѓаат во земјата фанови од целиот свет - а, притоа и хомосексуалци и црнци, кај дел од населението прави повеќе непријатност од задоволство. Тие во моментов се гледаат, поттикнати од руската пропаганда, како да се опкружени од непријатели. Имиџиот на Русија во странство ќе биде нарушен, но во земјата тоа нема многу да се почувствува.

Историјата тоа го покажува

Изгледите за успех на барањето на германските политичари се занемарливи. ФИФА досега никогаш нема одземено некоја веќе доделена организација на Светско фудбалско првенство. Секогаш има дискусии, како на пример во 1978 година за време на Светското фудбалско првенство во Аргентина, каде две години претходно воена диктатура дојде на власт преку пуч, или сега актуелен е Катар поради тамошните повреди на човековите права во однос на изградбата на спортските објекти. Се чини дека навистина е неверојатно ФИФА да ја одземе организацијата на Светското фудбалско првенство во 2022 година.

Само еден знак

Остануваат уште бојкотите на националните фудбалски или спортски сојузи. Тоа го знаеме од Олимписките игри. Во 1980 година 64 нации, меѓу кои и Германија и САД, останаа настрана од спортските натрпевари како протест против руската инвазија на Авганистан. Овој симболичен знак не и’ направи некаков траен впечаток на руската влада. Дали таков знак би имал ефекти по четири години?

Дискусиите за економските санкции кон Русија се правилни и значајни, бидејќи тие Москва вистински ќе ја погодат. Спротивно на тоа, дебатата за Светското фудбалско првенство е непотребна. Таа имено е класична тема во летната празнина и на крајот служи само за привлекување на вниманието врз политичарите.

Реклама