1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bildkombo Flagge EU Albanien Mazedonien
Фотографија: Imago

Согласност за С. Македонија, високи пречки за Албанија?

ЖА
13 септември 2019

Германската владејачка коалиција планира со поставување високи пречки да спречи брз почеток на пристапни преговори на Албанија со ЕУ, а согласноста за Северна Македонија се смета за сигурна, пишува германската РНД.

https://p.dw.com/p/3PWYw

Политичките партии во германската влада ЦДУ/ЦСУ и СПД на крајот на септември во принцип ќе дадат зелено светло за почеток на пристапни преговори на Албанија со ЕУ, но истовремено ќе постават услови кои практично значително ќе го пролонгираат фактичкиот почеток, произлегува од предлозите за гласањето во Бундестагот, до кои дошла Редакциската мрежа на Германија, РНД, редакција за надрегионални и меѓународни содржини на медиумската група Мадсак од Хановер.

„Пред т.н. прва пристапна конференција, како што се нарекува почетокот на преговорите во жаргонот на ЕУ, Албанија мора да го реформира изборното право и да овозможи ефикасност на целокупниот правосуден систем. Пред отворањето на првото преговарачко поглавие, земјата мора да исполни редица услови. Во нив спаѓаат ’солидни напредоци во успехот при сузбивањето на корупцијата и организираниот криминал на сите нивоа. Мора да бидат поведени кривични постапки против судиите и обвинителите за кои постои сомневање за поврзаност со мафијата.

Пречките за Албанија ќе бидат поставени толку високо, што почетокот на пристапните преговори, ако воопшто, ќе можат да почнат дури по неколку години. Албанија со години преживува тешки внатрешнополитички кризи. Кон конфликти постојано доведуваат првенствено врските меѓу политиката, судството и мафијата. Не се очекува дека земјата ќе може брзо да ги исполни условите.

На крајот на септември  Бундестагот  треба да донесе одлука дали канцеларката Ангела Меркел на самитот на ЕУ на средината на октомври во Брисел треба да гласа за почеток на пристапни преговори на Албанија со ЕУ. Холандија и Франција, со оглед на сегашната состојба на нештата, се против почеток. Спротивно на тоа, Европската комисија препорача започнување преговори, кои на  Албанија и Северна Македонија  им беа најавени уште за јуни оваа година. За разлика од нејзиниот сосед, согласноста за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ се смета за сигурна,“ пишува РНД.

Вишеградската група бара брз прием на земјите од Балкан во ЕУ

Онлајн изданието на Фокус пишува за вчерашната средба на Вишеградските држави и усвоената декларација на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка за што поскоро проширување на ЕУ со земјите од Балкан, цитирајќи ја изјавата на чешкиот премиер Андреј Бабиш, дека ЕУ-проширувањето е најефикасно средство за поддржување на безбедноста, демократијата и просперитетот: „Безбедноста на Западен Балкан значи безбедност за Европа.“  Бабиш се надева дека наесен ќе започнат пристапните преговори на Северна Макеоднија и Албанија со ЕУ.

„Средбата (на Вишеградската група) се најде во сенка на претходната најава на чешкиот претседател Милош Земан, дека планира да го анулира признавањето на независноста на Косово од страна на Чешка, по што Косово го откажа учеството на средбата. Бабиш истакна дека тој самиот не гледа никаква неопходност од преземање ваков чекор“, пишува Фокус.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Фатмир Бесими, министер за финансии

Бесими: Борбата со сивата економија ќе биде бескомпромисна

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница