1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bundeswirtschaftsminister Habeck in Katar
Фотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Бегство од рускиот гас со помош на арапските земји

Дојче веле
23 март 2022

Политиката на напуштање на рускиот гас ќе биде постојан проект на Берлин, изјави за ДВ германскиот министер за економија, Роберт Хабек. Тој очекува многу од соработката со Катар и Обединетите Арапски Емирати.

https://p.dw.com/p/48rjK

Министерот за економија и енергетика Роберт Хабек (Зелени) беше во тридневна посета на арапските земји. Во Катар и Обединетите Арапски Емирати, тој бараше начини за брза испорака на течен гас и заедничко производство на зелен водород.

За неколку недели или месеци ќе се види дали патувањето беше успешно, рече Хабек: „Не потпишувам договори, но можам да создадам рамка за преговори. Има подолго енергетско партнерство со Обединетите Арапски Емирати, првенствено во однос на климатската неутралност, зелениот водород и проширувањето на капацитетот за обновлива енергија“. 

„Сега потпишавме вкупно пет договори за соработка. Тоа, без сомнение, беше успех“, додаде Хабек во разговорот со новинарот на ДВ на летот за Берлин. 

Во Катар, рече министерот, идејата била да се испита колку течен гас од таму може да стигне до Германија. „Катар е и компанија и држава и сега имам подобра слика за нивните позиции. Тоа може да профункционира. Нашите компании сега ќе започнат разговори“, рече Хабек. 

Критика од домаќинот 

Пред патувањето, Хабек го опиша како „горчлива вистина“ тоа што Германија, без руска енергија, не може да гарантира топли домови и гас за индустријата за следната зима. На патувањето, рече тој, јасно ставил до знаење дека идејата е да се ослободи од зависноста од рускиот гас. 

Jens Thurau und Robert Habeck
Министерот Хабек во разговор со новинарот на ДВФотографија: Jens Thurau/DW

Но, според министерот, разговорите не биле лесни. „Додека ние велиме дека Катар мора да направи повеќе за правата на работниците и го критикуваме фактот дека Емиратите го примаат во посета сирискиот моќник Асад, овие земји имаат свој став за Германија и Западот. Велат не оставате на цедило кога ќе не нападнат војски кои ги сметаме за терористички. Вашиот однос кон Иран е амбивалентен, а ние ги сносиме последиците. Доаѓате само кога ја сакате нашата помош. Тоа ми беше кажано многу директно“, рече Хабек. 

На прашањето на домаќините дали Германија планира долгорочна соработка или повторно ќе им „врти грб“ на овие земји, Хабек им одговорил дека потребата од зелен водород е долгорочна и дека политиката на напуштање на рускиот гас е постојан проект. „И мислам дека успеав“, изјави германскиот министер за економија. 

„Гледате, Русија има атомско оружје“ 

На прашањето на ДВ како се справува владејачката коалиција на Социјалдемократите, Зелените и Либералите, Хабек одговори дека никогаш не бегал од тешки и непопуларни одлуки, но дека во светло на војната сѐ е многу посериозно.

„Одлуки за испорака на оружје во Украина, опремување на Бундесверот, санкции... и не знаеме кога претседателот Путин ќе посегне кон контрамерки. Гледате, Русија има атомско оружје. Сега сè е сериозно, ништо не може да се сфати лесно“, додава Хабек во интервју за ДВ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ

Мицкоски: Европските вредности се неспорни за ВМРО-ДПМНЕ

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница