1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Усвоена резолуцијата за мировни сили на ОН и АУ во Дарфур

1 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BOlT

Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата за испраќање на заеднички сили на ОН и Африканската Унија во регионот Дарфур во Судан. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун одлуката ја нарече историска. 26 илјади мировници ќе треба да ги заменат постојните 7000 слабо опремени војници на АУ кои се наоѓаат во кризниот регион. Британскиот премиер Гордон Браун ја поддржа резолуцијата и предупреди од натамошни санкции доколку убиствата продолжат.