Солана и Рен за изборите на Косово
19 ноември 2007Реклама
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен го поздравија мирниот тек на изборите на Косово и побараа брзо формирање на влада. За поздравување е што парламентарните избори во српската покраина поминаа во мирна и достоинствена атмосфера и во согласност со меѓународните норми соопшти Солана во Брисел. Солана изрази и загриженост поради ниското учество на изборите кое според него го рефлектира општото незадоволство на народот до политичките елити.
Солана и Рен жалат поради бојкотот на изборте од страна на Србите кои живеат во Косово. Србите според комесарот за проширување треба да преземат контруктивна улога во иднината на Косово.