Руски и американски конгресмени разговараа за Косово
22 јуни 2007Реклама
Руски и американски конгресмени во Вашингтон разговараа за Косово. Американскиот конгресмен Том Лантош денеска им се закани на претставниците на руската Дума дека САД, Велик Британија, Франција и Полска ќе го признаат едностраното прогласување на независност на Косово доколку решението по тоа прашање не биде усогласено во рамките на СБ на ОН. И високиот претставник на Стејт Департментот Даниел Фрид јакритикуваше Русија дејка одбива да го поддржи планот за решавање на статусот на Косово. Москва, вчера ја одби и новата, трета по ред предлог резолуција во ОН.