Почит за Тајковски и во Мостар
26 февруари 2007Временските услови повторно потсетија на 26 февруари 2004-та. Авионот на делегацијата мораше да слета во Сараево, а за време на положувањето на венците, Матичје брдо го зафати силно невреме. Но, тоа не беше пречка за да се изрази сеќавањето и почитувањето кон загинатите. Анастасовски изјави: “Сеќавањата се големи, само за големите луѓе. Борис Трајковски ја водеше Македонија во тешки и критични моменти и ја насочуваше кон нејзината историска цел – интеграција во евро-атлантските структури. “
Претседателот Трајковски беше човек со европска визија, рече градоначалникот на Мостар, Љубо Бешлиќ, додавајќи: “Претседателот Трајковски за време на својот живот градеше мостови на пворзување меѓу различните народи, а одбележувањето на оваа трагедија исто така станува мост на трајно поврзување меѓу Македонија и Босна и Херцеговина. На Ротимље денеска не дојдоа членови на семејствата на загинатите, а почит, освен делегациите на Македонија и БиХ, им оддадоа и припадниците на хеликоптерскиот и медицинскиот тим на македонската армија, кои се во Мостар и Сараево.