Меркел заминува за Русија
16 јануари 2006Во Берлин се подвлекува дека Меркел ќе го истакне стратегиското партнерство меѓу Германија и Русија. Една од темите се очекува да биде спорот во врска со атомските планови на Иран. Меркел ќе се обиде да издејствува заеднички став на Европската унија, САД и Русија за да се смири овој спор. Исто така се очекува да стане збор и за критички теми, посебно околу загриженоста во германската јавност во врска со развојот на демократијата во Русија. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер по повод посетата на Меркел на Москва, изјави:
„Станува збор за нови личности што ќе се сретнат. Ова е прва средба од позиција на канцеларка. Затоа треба да се види како ќе се довива. Убеден сум дека обајцата ќе се однесуваат професионално„.