1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците и Бугарите водат интернет војна

24 февруари 2011

Говор на омраза, навредливо и потценувачко известување полно со стереотипи и вистински војни на социјалните мрежи и блог платформите меѓу младите Македонци и Бугари. Има ли решение на проблемот со говорот на омраза?

https://p.dw.com/p/10P0S
Фотографија: AP Graphics/DW Fotomontage

Ако огледало на бугарско македонските односи во последниот период се медиумите тогаш релациите не се воопшто пријателски, добрососедски. Во известувањето на медиумите за прашања поврзани за односите меѓу двете земји постои проблем а на социјалните мрежи и блоговите се води вистинска војна.

Центарот за развој на медиумите од Скопје и Промедиа од Софија во текот на минатото лето ги мониторирале највлијателните медиуми во Македонија и Бугарија во контекст на известувањето на теми поврзани за меѓусебните односи. Резултатите покажуваат дека постои непријателство предрасуди навредлив и потценувачки однос на двете страни.

Александар Кашумов медиумски експерт од Бугарија го наведе примерот кога бугарски новинар цитира политичар националист и вели “во Македонија живеат луѓе кои имаат силни бугарски чувства“.

“Тоа не е говор на омраза не може да се класифицира како законски проблем но е провокација кон луѓето кои живеат во Македонија“.

Говорот на омраза се шири преку интернетот

Историјата, идентитетот, јазикот се најсочните теми за коментаторите кои водат вистинска војна на блоговите и социјалните мрежи. На новите медиуми најбрзо се шири говорот на омраза.

Славко Манговски од ТВ Сонце наведе пример што го видел на бугарските медуими:

“Проблемот на говорот на омраза постои и Бугарија веројатно има намера да го постави при нашиот прием во Европската Унија“

На денешната дебата малубројни беа новинарите кои се најповикани да зборуваат и да бараат решение на проблемот.

Gorge Ivanov und Georgi Prvanov
Политичарите засега не успеваат да влијаат на затоплување на односите меѓу двете земји. фото: Георги Прванов и Ѓорге ИвановФотографија: AP

Јулијана Тончева од Промедиа заклучи:

“Веројатно подобар ефект би имало доколку на трибината во Софија што ја организиравме ние имаше повеќе новинари од Македонија, а денеска тука во Скопје повеќе новинари од Бугарија. Тогаш ќе имаше вистинска дебата меѓу колеги кои низ еден професионален дијалог ќе дадеа голем придонес за решавање на проблемот.

Цивилното општество, новинарите, невладините организации од двете земји почнаа проект за надминување на говорот на омраза во македонските и бугарските медиуми. Во брошура под наслов “Говор на омраза“ промовирана денеска во Скопје се наведени бројни примери причини и можни решенија на проблемот.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Борис Георгиевски