1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нападите на Трамп против ЕУ се „невоена објава на војна“

БГ
18 февруари 2017

Доколку претседателот на САД продолжи да поттикнува членки на ЕУ да го следат примерот на Брегзит, тоа ќе значи невоена објава на војна, вели во интервју за ДВ, претседавачот со Минхенската конференција, Волфганг Ишингер

https://p.dw.com/p/2XlsI
DW-Gast Wolfgang Ischinger
Фотографија: DW/F. Simsek

Стабилноста на транс-атлантските односи и НАТО ќе бидат главни теми на годинешната конференција, вели Ишингер во интервјуто за ДВ. Досега, годината не беше добра за мирот и стабилноста на светот. Доколку САД одлучат да ја прекинат поддршката за интегрирана ЕУ тоа може да доведе до најголем можен конфликт меѓу двата трговски и инвестициски партнери, кои се притоа и обострано најзначајни партнери. Тоа ќе биде голема катастрофа, вели Ишингер.

Тој се надева дека САД разбираат оти Европа ќе биде најдобриот партнер за администрацијата на Трамп која се обидува да ја направи „Америка повторно голема“.

Ишингер вели дека е задоволен што администрацијата на Трамп очигледно разбира колку се важни односите и затоа испратила голема делегација во Минхен, предводена од потпретседателот Мајк Пенс. „Не можеме да се жалиме за недостаток на партнери за разговор од САД. Тука во Минхен, конечно треба да престанеме да зборуваме за себе и да почнеме да разговараме едни со други“. Според него, тоа е првиот чекор кон поактивен заеднички напор за крај на конфликтите, како оној во Украина, и да се работи за мир.