ЕУ ја прошири црната листа за Македонија
1 февруари 2005Новите деветмина непожелни македонски граѓани за влез во европската Унија се претежно поранешни команданти на ОНА или се познати како заговарачи за Голема Албанија.
Идает Беќири, Лирим Jакупи, Агим Красниќи, Фатмир Лимани, Ружди Матоши, Насер Мисими, Таип Мустафај, Ермуш Сума и Сами Укшини, сега, како и дванаестетмината кои од лани се наоѓаат на црната листа на Унијата, нема да имаат простап на територијата на Европската Унија, затоа што во Брисел процениле дека намерно и организирано го попречуваат имплементирањето на Рамковскиот Договор. На проширената црна листа на Европската Унија, на која има и припадници на екс полициската единица Лавови, сега има вкупно 21 име и, според одлуката на евроминистрите, ќе важи и наредните 12 месеци.
Состојбата на Западниот Балкан, ќе биде главна тема на наредниот бриселски состанок , што ќе се одржи на 21 февруари.
Тогаш, според високиот европретставник Хавиер Солана, ќе се анализираат клучни прашања, како на пример колку Косово успеало во исполнувањето на стандардите и дали ситуацијата е доволно зрела за почне да се разговара околу статусот на покраината, или можеби, да се процени дали треба да се иѕмени реѕолуцијата 1244 на ОН.
Солана и неговите колеги од Европската Унија потворија дека сите земји од регионот, особено Хрватска и Србија и Црна Гора, мора да да соработуваат со Хашкиот трибунал.
Хрватска доби уште едно предупредување, што го изненади премиерот Иво Санадер, затоа што според него, Загреб ги испонува задачите од Хаг.,, Без избеганиот генерал Анте Готовина, кој е на дофат на хрватските власти, нема да почнат преговорите за членство, планирани за март,“ посочи еврокомесарот Оли Рен.
,, Доколку комисијата во моментов би се изјаснувала врз основа на добиените информации, не би можела да препорача почеток на преговорите со Хрватска,, нагласи Рен.
Белград, пак има рок до крајот на март да ги исполни ветените услови, односно да ја докаже соработката со Трибуналот и да најде начин за одржување на парламентарни избори во државната заедница. Најавеното предавање на обвинетиот српски генерал Владимир Лазаревиќ, според европските авторитети, не е доволно, но сепак е чекор напред во соработката меѓу Хаг и државната заедница.
Главната хашка обвинителка Карла дел Понте до крајот на неделата ќе дојде во Брисел за да го информира претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо околу тоа колку балканските земји одговараат на задачите што ги поставија ЕУ и Трибуналот.