1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бекам во мисија за поголема популарност на фудбалот во САД

13 јануари 2007

Во светот на фудбалот не стивнуваат реакциите по веста дека англискиот фудбалер Дејвид Бекам од Реал Мадрид заминува во САД, каде во наредните пет години ќе игра во дресот на Галакси од Лос Анџелес.

https://p.dw.com/p/Aegw
Дејвид Бекам
Дејвид БекамФотографија: picture-alliance / dpa

Трансферот изнесува фантастични 250 милиони долари. Раководството на американскиот клуб е задоволен што во своите редови го донесе првокласниот фудбалер. Самиот Бекам неговиот ангажман го разбира како мисија за зголемување на популарноста на овој спорт преку Атлантикот

„ Не велам дека со моето доаѓање во САД фудбалот ќе стане најголем спорт во Америка бидејќи тоа е многу тешко да се постигне. Би сакал да кажам дека тоа ќе се случи, но мислам дека во САД има многу големи спортови, како безболот, кошарката, рагбито. Тешко е да се натпреваруваш со некои од нив кои веќе имаат историја. Мислам дека фудбалот има голем потенцијал. Немаше да го потпишам петгодишниот договор доколку не верувам во овој проект„ рече Бекам