1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Уништувачката моќ на ураганот Лаура

СН/агенции
28 август 2020

Ураганот Лаура предизвика големи штети во американската сојузна држава Луизијана, при што загинаа неколку лица. Иако најлошите стравувања не се остварија, надлежните продолжуваат да предупредуваат.

https://p.dw.com/p/3hcRn
Hurrikan  Laura USA
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Herbert

Ураганот Лаура протатни низ американската сојузна држава Луизијана и остави зад себе шест мртви, пустош и рушевини. Невремето премина во сојузна држава Арканзас и донесе обилни дождови и разурнувачки удари од ветер.

Во градот Вестлејк во Луизијана ураганот предизвика пожар во една хемиска фабрика од која повеќе од 24 часа чади отровен чад.

Експертите проценуваат дека ќе бидат потребни неколку дена да се установат прецизните размери на материјалната штета од ураганот.

Hurrikan  Laura USA
Фотографија: Getty Images/J. Raedle

Досега Лаура уништи и оштети над 867.000 станбени и деловни објекти во Луизијана, Тексас и во Арканзас, пренесе новинската агенцијата Ројтерс.

Повеќе:

-Фотографија на денот: „Екстремно опасен“ вртлог

-Преку 40 жртви од ураганот „Дориан“

-Дали мега-ураганите ќе станат „нормална појава“?

„Ова е најсилната и најразорната бура која некогаш ја погодила Луизијана и сѐ уште не престана да сее смрт и деструкција“, изјави гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс.

Засега, најсилните просечни удари на ветер се движат со брзина од околу 240 километри на час, што е значително повеќе од ветрот кој го следеше разорниот ураган Катрина кој во 2005 година го разори Њу Орлеанс.

Hurrikan  Laura USA
Фотографија: Getty Images/E. Thayer

По Арканзас, ураганот, како што прогнозираат стручњаците, ќе продолжи по долината на реката Мисисипи, а потоа низ централните делови на САД.

Претседатаелот Доналд Трамп одржа состанок со Сојузната агенција за вонредни состојби на кој му беше поднесен детален извештај за ситуацијата на терен. Трамп најави дека за време на викендот ќе ги посети погодените подрачја поради што одлучи да го одложи својот говор пред Републиканската национална конвенција.