1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

„Екстремно опасен“ вртлог

СН/дв
27 август 2020

Сателитска снимка го доловува моментот кога ураганот Лаура стигнува до копното на американските сојузни држави Луизијана и Тексас, како ураган од 4 категорија со максимална брзина на ветриштата од 240 километри на час.

https://p.dw.com/p/3hZ4A
USA Hurrikan Laura
Фотографија: Imago Images/NASA

Ураганот Лаура рано утринава пристигна на брегот на американската сојузна држава Луизијана во близината на границата со Тексас, како заканувачки ураган од категоријата 4 носејќи плимен бран на нискиот брег кој може да биде длабок до 6 метра.  Веднаш потоа Лаура, која американскиот Национален центар за урагани ја оцени како „ опасна“ стигна и на копното на Тексас.

Јачината на ветерот порасна до 240 километри на час со што е најсилниот ураган кој досега годинава ги погодил САД. Метеоролозите предупредуваат дека силните ветрови би можеле да уриваат згради, откорнуваат дрва и да фрлаат возила како играчки. 

Властите ги замолија жителите на крајбрежните места во Тексас и во Луизијана да се евакуираат, но тоа не го сторија сите пред силните ветрови да почнат да удираат дрвја во областа која беше разорена од ураганот Рита во 2005 година. Бурата се засили за речиси 87 отсто за само 24 часа и стана, соопшти Националниот центар за урагани.