1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Сложенките и додавките кон името можат да бидат опасни“

31 март 2010

„Името Македонија, историја, право, политика“, „Зошто и како во спорот со името“, објавени две книги, едната од дипломатот Виктор Габер, другата од универзитетскиот професор во пензија Јованка Кепеска.

https://p.dw.com/p/Mj77

Универзитетскиот професор Јованка Кепеска во книгата „Зошто и како во спорот со името“, компарирајки ги меѓународните норми и приоритети со правото на народите сами да го изберат и определат името на својата земја, за Дојче веле коментира:

„Во случај да се промени името на државата, тоа консеквентно ќе влијае на промена на името на јазикот и на нацијата, тоа навлегува во идентитетскиот пакет. Македонската влада го издвојува поимот нација од држава и бара решение само за името на државата“, вели политикологот Кепеска.

Таа проценува дека додавките и сложенките кон името Македонија може да ги загрозат идентитетот, македонскиот јазик и нација. Посредникот од ОН Метју Нимиц прави обид преку сложенки, на пример, со варијантата, македонски е јазикот, во заграда со додавка според името на државата. Во таквите сложенки очигледно нема решение на спорот со Грција,“ вели политикологот Кепеска.

Стравот ги води Грците во изолација

„Што се однесува до Грците, морам да го нагласам нивниот страв, јас го доживеав и додека бев во Атина во дипломатска мисија. Тој страв е неверојатно силен, ирационален и ги води во една изолација, што се покажува и сега кога се соочуваат со криза,“ кажа на промоцијата на својата книга Виктор Габер.

Во неа тој тврди дека наспроти грчкиот државен консензус, во Македонија се спротивставуваат сепаратни, национални и партиски интереси.

Skopje Hauptstadt Mazedonien Griechenland Flash-Galerie Grenzprobleme auf dem Balkan
Скопје-наспроти грчкиот консензус, во Македонија спротиставени интереси, вели ГаберФотографија: by-nc Jaime Pérez

Меѓународната зедница има двојни аршини, кога компромисот го префрла врз македонската страна, истакнува пак проф. Цуцуловски.

„САД ја признаа Македонија под устваното име, но амбасадорот сега инсистрира да постапиме разумно и да прифатиме компромис. Затоа и не е најјасна доследноста на САД“, вели овој професор по филозофија, промотор на книгата на Виктор Габер.

Според него, македонските медиуми и политичари прават огромна грешка кога не разликуваат референца за една држава и уставното име и кога се прифаќа референцата како позиција за преговори.

Во наредните неколку недели се очекуваат уште две авторски студии посветени на грчко-македонскиот спор и историјата на антиката на територијата на географска Македонија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска