1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН: Руско и кинеско вето за санкции против Северна Кореја

ЖА / агенции
27 мај 2022

Кина и Русија со вето во Советот за безбедност на ОН блокираа заострување на санкциите против Северна Кореја.

https://p.dw.com/p/4BvGm
USA | UN Sicherheitsrat
Фотографија: UN Photo/Handout via Xinhua/IMAGO

Останатите 13 членки во највисокиот гремиум на ОН ја поддржаа предлог-резолуцијата на САД, поднесена како реакција на најновите севернокорејски  ракетни тестови,  а која предвидуваше проширување на санкциите против Пјонгјанг.

Кинескиот амбасадор во ОН, Џанг Жун, ги повика САД да не се потпираат еднострано само на санкции, туку да побараат и политичко решение.

Американските предложени санкции целеа меѓу другото на редуцирање на количествата на нафта кои  Северна Кореја  смее легално да ги увезува за цивилни цели, како и на забрана за извоз на севернокорејски производи, меѓу кои фосилни горива. 

Како контрамерка на  севернокорејските хакерски напади,  Вашингтон предлага исклучување на Пјонгјанг од доставата на информатичка и комуникациска техника, како и санкции за одделни лица и претпријатија.

Непосредно по завршувањето на азиската турнеја на американскиот претседател Џо Бајден,  Северна Кореја  во средата испали три ракети, меѓу кои веројатно и една интерконтинентална, Хвасонг-17, која според јужнокорејскиот Генералштаб има дострел од околу 360 километри.

Балоните кои го разбеснуваат Ким

Јужна Кореја и американските војници на „ракетната провокација“ од северот реагираа со заеднички ракетен маневар со боева муниција. 

САД до крајот на мај го имаат ротирачкото претседавање со Советот за безбедност на ОН. Зад кулисите, кај многумина сојузници владеело изненадување на американското инсистирање за гласање, без оглед на очекуваното ставање вето од страна на Кина и Русија, традиционални поддржувачи на  Пјонгјанг.  Дипломат изјавил дека полошо од сценариото две држави да го блокираат предлогот, за САД сигурно била опцијата да не преземат ништо по најновите севернокорејски ракетни тестови.

САД со недели предупредуваат на можноста од скор  атомски тест  на Северна Кореја, прв по 2017 година, кога Советот за безбедност на ОН последен пат беше единствен во воведување санкции против комунистичката земја, вклучувајќи и забрана за истрелување интерконтинентални ракети.

Се смета дека Северна Кореја располага со атомски бомби и балистички ракети, но досега безуспешно се обидува да ги спои овие две технологии.