1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Krim Rauch über Luftwaffenstützpunkt Novofedorivka
Чад над воздухопловната база Новофедоривка на КримФотографија: REUTERS
КонфликтиУкраина

Зеленски ветува враќање на Крим

ЕМФ | дпа
10 август 2022

По експлозиите на руската воздухопловна база на Крим, украинскиот претседател Володимир Зеленски им ветува на сонародниците враќање на загубениот полуостров.

https://www.dw.com/mk/zelenski-vetuva-vrakane-na-krim/a-62763116

„Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“, рече вчеравечер (9.08) украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако претходно пристигнаа информации за експлозии во воздухопловна база на западот на Крим. Според првите достапни снимки, детонациите предизвикале големи штети во базата.

Причините за експлозиите се и натаму нејасни, но бројот на детонациите и нивната сила укажуваат дека се работи веројатно за целен напад од страна на Украина. Доколку е така, тоа би бил прв воен напад врз цели на полустровот на Црното Море, кој беше анектиран од страна на Русија во 2014 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека се работи за експлозии на муниција предизвикани од небрежност.

„Њујорк Тајмс“, пак, цитирајќи висок претставник на украинската армија, пишува дека се работи за украински напад, во кој се користело оружје развиено во Украина. Во нападот улога играле и партизаните лојални на Украина.

И советникот на украинскиот претседател Зеленски, Олексиј Арестович, неофицијално зборуваше за напад со ново украинско оружје „додека партнерите не ни испраќаат ракети со поголем дострел“.

- повеќе: Украина: Дали запира рускиот „воен валјак“?

Зеленски: Оваа војна почна и завршува на Крим

Со анексијата во 2014 година, Русија го претвори Крим во едно од најопасните места во Европа, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Црноморскиот регион не може да биде безбеден сѐ додека Крим е окупиран“, рече тој и додаде: „Оваа руска војна против Украина, против цела слободна Европа, започна со Крим и мора да заврши со Крим, со неговото ослободување“.

Русија го смета полуостровот за своја територија и се закани со масовна одмазда во случај на украински напади.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Енергетската криза во фокусот на македонската политика

Мицкоски: И јавните претпријатија на регулираниот пазар

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница