1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Ukraine-Krieg - Selenskyj
Фотографија: Efrem Lukatsky/AP/dpa/picture alliance
КонфликтиУкраина

Зеленски повикува на отпор во окупираните територии

ЖА / агенции
11 август 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика на отпор жителите на териториите окупирани од Русија. Неофицијално, зад нападот врз руска воздушна база на Крим стојат партизани лојални на Украина.

https://www.dw.com/mk/zelenski-povikuva-na-otpor-vo-okupiranite-teritorii/a-62776374

Зеленски бара активна помош од населението во териториите окупирани од Русија. Украинскиот претседател во синоќешната видео порака ги повика жителите во окупираните делови да ѝ доставуваат информации за непријателот или за колаборационистите на украинската војска преку сигурни канали. Зеленски изрази очекување дека руските окупатори наскоро ќе тргнат во бегство. „Тие веќе имаат чувство дека е дојдено време  да побегнат од Херсон  и воопшто од јужниот дел на нашата земја. Ќе дојде час кога ќе бегаат и од областа Харков, од Донбас и од Крим“, порача Зеленски, потсетувајќи на експлозиите во вторникот во руска воздушна база на  полуостровот Крим,  каде се уништени девет руски борбени авиони. Според неофицијални наводи, улога во нападот врз руската воздушна база играле партизани лојални на Украина. Од други запоседнати региони стигнуваат извештаи за напади врз Украинци кои соработуваат со  руските окупатори.  Зеленски најави одмазда за  руските воздушни напади  во областа Днипетровск, во кои во ноќта спроти средата се убиени 13 цивили. Уште колку долго ќе трае војната, зависи од руските загуби. „Колку се повисоки загубите на окупаторот, толку побрзо ќе можеме да ја ослободиме нашата земја“, изјави украинскиот претседател. Тоа пак е поврзано и со странската воена помош која стигнува во Украина, нејзината обемност ќе го скрати времето на руската окупација и ќе доведе побрзо до момент кога Украина и Европа ќе можат повторно да живеат во мир, гласи пораката на Володимир Зеленски.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Влада Северна Македонија

Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница