1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупреди од можна хаварија во атомската централа Запорожје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупреди од можна хаварија во атомската централа ЗапорожјеФотографија: Ukrainian Presidential Press Off/Planet Pix via Zuma/picture alliance
КонфликтиУкраина

Зеленски бара меѓународни мерки за нуклеарката Запорожје

СН/агенции
16 август 2022

Украинскиот претседател порача дека светот ќе загуби од тероризмот и ќе потклекне пред нуклеарните уцени доколку не преземе ништо околу загрозената атомска централа Запорожје.

https://www.dw.com/mk/zelenski-bara-megunarodni-zastitni-merki-za-nuklearkata-zaporozje/a-62818235

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да спречи несреќа во нуклеарната централа Запорожје.

„Ако светот сега не покаже сила и решителност да одбрани една нуклеарна централа, тоа ќе значи оти светот ја загубил битката со тероризмот и се препуштил на нуклеарна уцена“, изјави Зеленски за време на своето редовно видео обраќање.

Русија ја презеде контролата врз нуклеарната централа Запорожје, најголема во Европа, набрзо откако во февруари изврши инвазија врз Украина која во Кремљ ја нарекуваат „специјална воена операција“. 

Фотографија од загрозената атомска централа Запорожје направена на 7. август 2022
Фотографија од загрозената атомска централа Запорожје направена на 7. август 2022Фотографија: Uncredited/Russian Defense Ministry Press Service/AP/dpa/picture alliance

Зеленски во последното обраќање повторно ја повика Москва да ги повлече своите војници од нуклеарната централа Запорожје. Тој уште еднаш предупреди на последиците од можна нуклеарна катастрофа. „Секој радиоактивен инцидент во нуклеарната централа Запорожје може да биде удар и за земјите од Европската унија и за Турција, и за Грузија и за земјите од подалечните региони“, рече тој. „Сето зависи само од насоката и брзината на ветерот“.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на Запорожје во текот на изминатата недела. Според експертите, зголемена радиоактивност сѐ уште не е регистрирана.

Во првите напади на 5 август беше погоден трансформаторот на високонапонскиот далновод поради што автоматски беше запрен третиот реактор и се вклучија резервните генератори.

Во нападите во четвртокот беа оштетени пумпната станица и уредите за мерење на ниво на радијација.

Украинските власти бараат демилитаризација на зоната и повлекување на руските војници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница