1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
USA Sitzung des UN-Sicherheitsrats in New York
Фотографија: Ed JONES/AFP
КонфликтиРусија

Запорожје: „Ситуацијата е екстремно сериозна“

Ане Шнајдер (АРД)
12 август 2022

Советот за безбедност на ОН одржа итен состанок во врска со ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија повика на прекин на борбите и пристап до централата

https://www.dw.com/mk/vonredna-sednica-na-sb-za-atomskata-centrala-zaporozje-situacijata-e-ekstremno-seriozna/a-62786246

Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, рече дека е екстремно критична. По повеќекратното гранатирање, еден реактор е веќе исклучен, објасни тој. „Ова е сериозен момент, гробен час. На МААЕ мора да ѝ се дозволи да ја изврши својата мисија во Запорожје што е можно поскоро.“

Во атомската централа Запорожје треба да се изврши контрола и да се спроведат важни безбедносни мерки, се вели од МААЕ. Агенцијата е неутрална - моментално е во контакт и со руски и со украински претставници. Според информациите кои можеле да се соберат на овој начин, Гроси засега претпазливо смирува и вели дека има оштетување на нуклеарната централа, но мерењата на радијацијата биле на нормално ниво. Сепак, сето ова може да се промени во секој момент. Затоа на вонредната седница на Советот за безбедност тој побара: „Секоја воена акција која ја загрозува нуклеарната безбедност мора веднаш да се прекине“.

Она што на седницата го кажа украинскиот амбасадор во ОН, Сергеј Кислица, веројатно го мислеа многумина: „Пред шест месеци беше тешко да се замисли дека најголемиот нуклеарен објект во Европа ќе биде преземен со воен напад и дека ќе биде наполнет со војници и оружје“, рече Кислица.

USA Sitzung des UN-Sicherheitsrats in New York
Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, зборува пред членовите на Советот за безбедност на ОНФотографија: Andrew Kelly/REUTERS

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за напади

Состанокот на Советот за безбедност го свика Русија. Сепак, земјата, меѓу другите и од САД, беше обвинета дека ја користи централата во Запорожје како еден вид заштитен штит. Оттаму, како што се вели, се напаѓаат украински позиции. Бони Џенкинс, американска државна потсекретарка за контрола на оружје, беше јасна: „Русија постојано шири лажни извештаи за да го одвлече вниманието од реалноста и сега тврди дека Украина е одговорна за ситуацијата во нуклеарната централа“, рече таа. „Тоа целосно ги искривува фактите - имено дека Русија е илегално во централата.“

Украина ја обвинува Русија и дека директно ја таргетира нуклеарната централа. Обвинување кое рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небенсија, го опиша како апсурдно. „Ова се пропагандни напади на западниот печат. Тоа е во спротивност со здравиот разум, бидејќи овие нуклеарни централи се контролирани од руската армија“, рече Небенсија.

Ukraine-Krieg - Saporischschja
Еден реактор во нуклеарната централа Запорожје е веќе исклученФотографија: Uncredited/Russian Defense Ministry Press Service/AP/dpa/picture alliance

Гроси: Не смееме да дозволиме нуклеарна катастрофа

Оваа контрола ја прави инспекцијата од страна на Агенцијата за атомска енергија особено комплицирана. И така, прашањето како експертите би можеле да стигнат до нуклеарната централа е многу политичко. Ако патувањето се одвива преку Русија и територијата окупирана од Русија, тоа би изгледало како признание на руската окупација, се вели од дипломатски кругови во ОН.

- повеќеВојна во Украина: Колку е опасна ситуацијата околу нуклеарката Запорожје?

Од друга страна, инспекција од страна на Агенцијата за атомска енергија би била огромен чекор, затоа што за да се спроведе контрола прво би требало да замолчи оружјето.

- повеќеЗеленски предупредува од опасност од нуклеарна катастрофа

Гроси апелираше до двете страни: „Не смееме да дозволиме нуклеарна катастрофа. Затоа, целта пред сѐ мора да биде нeјзино спречување. А за тоа сите треба да работиме заедно. Тоа е наша должност. Тоа е наша заедничка одговорност“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница