1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МедиумиСоединети Американски Држави

Социјални мрежи: Закерберг ја бранеше Мета пред суд

СН/агенции | АРД
19 февруари 2026

Во САД се води можеби преседански судски процес: 20-годишна тужителка обвинува дека услугите на социјалните мрежи создаваат зависност. Сега шефот на Мета, Марк Закерберг, сведочеше пред судот и го бранеше концернот.

https://p.dw.com/p/590rF
Извршниот директор на компанијата Мета, Марк Закербер опкружен од луѓе кои го снимаат со мобилните телефони а носат и камери
Марк Закерберг ги негираше обвинувањата дека производите на неговата компанија предизвикуваат зависностФотографија: Ryan Sun/AP Photo/dpa/picture alliance

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, во сведочењето на американски судски процес за потенцијалот за зависност од социјалните медиуми, ја бранеше работата на својата компанија. Закерберг изјавил дека концернот Мета повеќе не поставува цели во однос на времето што корисниците го минуваат во нивните апликации, како што пренесе весникот Волстрит џурнал од судницата. Сепак, шефот на Мета призна привремени недостатоци во контролата на возраста.

Забрана за социјални мрежи - да или не?

Тој рече дека во минатото малолетните корисници не биле соодветно идентификувани. Закерберг призна дека на социјалните мрежи на концернот, како Инстаграм, понекогаш пристапуваат и деца под 13 години, иако тоа е спротивно на условите за користење. Нивните профили се бришат доколку тоа се открие, рече Закерберг во судницата. 

Тужба против ЈуТјуб и Инстаграм

Во процесот, 20-годишната тужителка тврди дека онлајн-платформите намерно ги дизајнирале своите услуги така што корисниците да станат зависни од нив. Станува збор, меѓу другото, за функцијата со која може бесконечно да се скрола кон следната објавена содржина.

Зошто ТикТок ги прави младите зависни?

Според нејзиното сведочење, таа почнала да ги користи платформите уште како дете – и својата депресија и анксиозност ги поврзува токму со тоа. Тужбата моментално е насочена против видеоплатформата ЈуТјуб на Гугл и против Инстаграм. Компаниите сопственички на првично исто така тужените ривали Снепчет и ТикТок се извлекоа од процесот преку спогодба. Исходот на овој процес може да има преседанско значење за стотици други тужби од сличен тип.