1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Судење на Трамп: Сега на ред е поротата

ЕМФ | агенции
29 мај 2024

По шест турбулентни недели судење, завршните зборови во процесот против Трамп се дадени. Сега поротата треба да се усогласи околу пресудата.

https://p.dw.com/p/4gOyc
Доналд Трамп пред суд
Пресудата за Доналд Трамп може да биде донесена уште денескаФотографија: Spencer Platt/Getty/AP/picture alliance

Во историскиот судски процес против Доналд Трамп, во кој е обвинет за плаќање поткуп на порно актерката Сторми Даниелс, пресуда може да биде донесена секој момент. Одбраната на поранешниот американски претседател и Обвинителството ги дадоа завршните зборови, а сега на потег е поротата. Вообичаено, за усогласување на поротниците им се потребни помеѓу неколку часа и неколку дена.

Обвинителството тври дека Трамп јасна намера да изврши измама и побара осудителна пресуда. Помошникот јавен обвинител Џошуа Стеинглас рече дека намерата на Трамп за измама не можела да биде поочигледна. Тој го обвини поранешниот претседател за учество во „заговор и прикривање“ и тврди дека тој сакал да го сокрие од гласачите фактот дека ѝ платил пари на порно ѕвездата во замена за нејзиниот молк.

Одбраната претходно побара ослободителна пресуда. Адвокатот на Трамп, Тод Бланш, на почетокот на своите завршни зборови рече: „Претседателот Трамп е невин“, додавајќи: „Последиците од недостигот на докази што ги слушнавте во изминатите пет недели се едноставни - тоа е ослободителна пресуда.“

Доналд Трам суд
Цртеж на кој е прикажан Доналд Трамп за време на завршните зборови на заменикот јавен обвинител во судницата Фотографија: Jane Rosenberg/REUTERS

Во првиот кривичен судски процес во историјата против поранешен претседател на САД денеска треба да почне советувањето на поротниците, кои ќе мора да донесат едногласна одлука дали Трамп е виновен или не. Доколку поротата го прогласи 77-годишниот поранешен претседател за виновен, судијата подоцна ќе ја одреди казната. Можна е затворска казна, но експертите сметаат дека е поверојатно да се очекува условна или парична казна.

Веројатниот републикански претседателски кандидат е обвинет за фалсификување деловни документи за да се прикрие исплата на пари за поранешната порно актерка Сторми Даниелс. Таа со парите добиени пред изборите во 2016 година требало да биде натерана да молчи за наводната секс афера што таа тврди дека ја имала со Трамп, а која тој ја негира. Тогашниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, префрлил 130.000 долари (околу 120.000 евра). Како клучен сведок на обвинителството во судскиот процес, тој сведочеше дека парите во замена за молкот на Даниелс ги исплатил во согласност со Трамп. Коен подоцна ги добил парите од концернот на Трамп. Според обвинението, исплатите биле лажно пријавени како трошоци за адвокатски услуги.

Трамп е обвинет за фалсификување деловни книги. Јавниот обвинител, исто така, смета дека исплатата на парите претставува незаконско мешање во претседателските избори во 2016 година. Трамп го опишува процесот како политички маневар со цел да влијае на неговата изборна кампања против претседателот Џо Бајден.