1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Контраудар на Иран, нападнати повеќе американски бази

ЕМФ | агенции
28 февруари 2026

Иран нападна повеќе американски бази во Перискиот Залив, јави иранската државна агенција Фарс. Потврден е и ирански контраудар на Израел.

https://p.dw.com/p/59ZoG
Иран | ракетен систем С-200 во Техеран
Иран напаѓа бази на САД и американски сојузници во регионот на Персискиот ЗаливФотографија: Majid Asgaripour/REUTERS

Иранската Револуционерна гарда, според информации на иранската државна новинска агенција Фарс, нападнала неколку американски воени бази во Перскиот Залив. Според Фарс, целите се наоѓаат во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар и Бахреин.

Иран потгврди и контраудар врз Израел. Прв бран ракети и дронови се насочени кон Израел, јави иранската агенција Тасним, повикувајќи се на информации од Револуционерната гарда.

Иран ги напаѓа сојузниците на САД во регионот на Персискиот Залив

Иран претходно се закани дека ќе се одмазди доколку биде нападнат. Според агенцијата Ројтерс, напади има во неколку соседни земји на Иран.

Се јавува за неколку експлозии во катарскиот главен град Доха, но, како што се вели, ситуацијата е под контрола. „Гласни звуци“ има и во Абу Даби. При воздушен напад врз база на ирачката војска загинало едно лице, соопшти портпарол на базата. Во Кувајт се слушаат сирени. Бахреин, според државната новинска агенција, потврдува дека бил цел на напади. По почетокот на американско-израелските напади врз Иран, силни експлозии се слушнати во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, јавува агенцијата АФП.