1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Германија: Предупредување од проиранска терористичка група

СН/дв | агенции
28 април 2026

По нападите врз еврејски но и американски и други западни објекти на во Европа, безбедносните агенции предупредуваат од можно ширење на заканата. Во фокус се проиранските мрежи и новите форми на регрутирање.

https://p.dw.com/p/5Cwdf
Табла на која на германски пишува Сојузна служба за заштита на уставниот поредок пред седиштето на Службата во Келн
Германската Сојузна служба за заштита на уставниот поредок има седиште во градот КелнФотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopress/picture alliance

Сојузната служба за заштита на уставниот поредок (БфВ) алармира: заканата од проиранските екстремисти во Европа очигледно значително се зголемува. Според извештајот на весникот Ханделсблат, оваа институција конкретно предупредува на нова фаза на ескалација кај групата „Харакат Ашаб ал-Џамин ал-Исламија“ (ХАЈИ).

„Новото предупредување од ХАЈИ е дека повеќе не сака да се ограничува на ’едноставни’ напади, туку дека на долг рок има намера да вклучи и поопасни средства за извршување“, наведе институцијата на прашањето од Ханделсблат. Безбедносните кругови затоа стравуваат од можно преминување од палење пожари на напади со експлозиви или огнено оружје.

Целно регрутирање на млади луѓе

Од 9 март, истражителите регистрираа повеќе напади врз еврејски и американски објекти во Европа, вклучително и во Германија. Во многу случаи, станува збор за палење пожари, што ХАЈИ подоцна го рекламираше во видеа. Според БфВ, делата „биле извршени навечер или рано наутро“ и досега нема повредени. Институциите во земјите од Бенелукс и од Велика Британија се особено погодени.

Начинот на дејствување на сторителите е, исто така, забележлив. Во повеќе случаи, наводно, цел биле млади луѓе и се регрутирани за извршување напади за мали суми пари. Регрутирањето често се одвивало преку социјалните мрежи и шифрирани комуникациски канали. Германските истражители, исто така, го следат овој пример. Така, по нападот врз израелски ресторан во Минхен, кој предизвика материјална штета, властите поѓаат од антисемитски мотив.

Штајнмајер ја нарече војната против Иран - грешка

Иранската војна како повод за нови напади

БфВ претпоставува дека зад ХАЈИ стои ирачко-шиитска мрежа со блиски врски со Иран. „Организацијата користи разни канали од шиитско-екстремистичкиот и проиранскиот спектар на разни социјални мрежи за да известува за своите активности“, соопшти институцијата. Покрај тоа, ХАЈИ по избувнувањето на војната на САД и на Израел против Иран појасно ја формулираше својата политичка мотивација и отворено им се заканува на израелските објекти, како и на таканаречените „непријатели на исламот“ во Европа.

Организатори дејствуваат од сенка

Во Велика Британија, по подметнат пожар во синагога, беа уапсени двајца осомничени. Британската контраразузнавачка и безбедносна служба (МИ5), според нејзиниот генерален директор Кен Мекалум, во рок од една година „следела повеќе од дваесет потенцијално смртоносни планови за напади поддржани од Иран“. Истражителите дополнително проверуваат дали за ваквите напади намерно биле ангажирани лица од криминалното подземје.
Дополнителни инциденти во Франција, Холандија и Белгија укажуваат на координирано дејствување. Во Париз беше спречен напад врз канцелариите на Банката на Америка (Bank of America), откако претходно проиранска групација на социјалните мрежи јавно ја навела токму таа цел. Експертите во ова препознаваат јасен образец: локални извршители се користат за да се прикријат вистинските организатори.
Оттука, останува нејасно кој конкретно стои зад актуелната серија напади. Стручњаци од Меѓународниот центар за контратероризам (International Centre for Counter-Terrorism) укажуваат на недоследности во соопштенијата за преземање одговорност, како и во начинот на комуникација. Постојат индиции дека ХАЈИ можеби служи и како параван или фасада, со цел да се прикријат вистинските нарачатели и организатори од заднина.