1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Верските лидери го осудија инцидентот со синагогата

ДТЗ /МИА
15 април 2026

Верските лидери, Комисијата, МПЦ и ИВЗ го осудија обидот за опожарување на синагогата во Скопје и упатија повик за одговорност и соживот.

https://p.dw.com/p/5CCyK
Скопје, 20.07.2023
Верските лидери го осудија инцидентот со синагогата во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Верските лидери во Македонија го осудија инцидентот со објектот на Еврејската заедница и повикаа на одговорност, разум и доблест за да се зачува соживотот. Според нив, обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“ во Скопје претставува директен удар врз мирот, стабилноста и соживотот кои со векови се негуваат на македонска почва и врз кои е изградено нашето општество.

„Секое посегнување по туѓа светиња, без оглед на тоа на која верска заедница ѝ припаѓа, претставува нарушување на основните вредности на почит, слобода и човечко достоинство“, порача на прес-конференција директорката на Комисијата, Оливера Трајковска.

Инцидентот се случи во раните утрински часови на 12 април. Во духот на заедништвото, меѓурелигиската соработка и заемното разбирање, верските лидерија упатија повик до сите граѓани да покажат одговорност, разум и доблест и да останат чувари на соживотот.

Полициско возило пред синагога
Инцидентот се случи во раните утрински часови на 12 април. Фотографија: Harald Tittel/dpa/picture alliance

„Заемната почит е една од највисоките вредности што ги поседуваме и треба да ја зачуваме како аманет за идните поколенија“, вели Трајковска.

На прес-конференцијата присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ), г.г. Стефан, скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Реис ул Улема Шаќир Фетаху, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, како и суперинтендантот на Евангелско-методистичката црква, пасторот Марјан Димов.

Осуда и поука, а не страв

Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, нагласи дека реакцијата претставува истовремено осуда на нападот и порака за поддршка, бидејќи во Македонија верските заедници градат долгогодишна соработка, дијалог и заемна доверба.

„Ова е преседан каков што не се случил од 1943 година, кога 7.144 македонски Евреи беа депортирани во Треблинка и никој не се врати. Во Македонија никогаш не била запалена синагога. Се надевам дека нема да дозволиме надворешните конфликти да се прелеат во нашата земја“, рече Леви.