1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Претседателот е добро

СН/агенции
2 јуни 2023

Џо Бајден се сопна и падна на сцената на јавен настап во Колорадо. Која беше причината - и како сега се чувствува американскиот претседател?

https://p.dw.com/p/4S69s
Sturz Joe Biden I United States Air Force Academy
Фотографија: Andrew Harnik/AP/picture alliance

Американскиот претседател Џозеф Бајден се сопна и падна додека врачуваше дипломи на церемонијата на дипломирање за Академијата за воздухопловни сили на САД во сојузната државата Колорадо.
Бајден, кој на 80 години е најстариот американски претседател на функцијата, веднаш станал со помош на соработниците и не бил повреден, а од Белата куќа соопшти дека се чувствува добро.
Како што покажаа снимките објавени во медиумите и на социјалните мрежи, тој се сопнал од црна вреќа и паднал напред и веднаш се подигнал на раце и на колена, пред војникот кој е до него а потоа и неговите телохранители да му помогнаат да стане и да го придружуваат до местото каде што седел.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека на сцената имало вреќа со песок (која го држела телепромптерот) додека тој се ракувал со кадетите.
„Бев нападнат од вреќа со песок“, се пошегува Бајден пред новинарите по враќањето во Белата куќа синоќа.
Возраста и физичката форма на Бајден се постојана тема на напади од некои од неговите политички ривали.
Бајден најави дека ќе се кандидира за нов претседателски мандат на изборите во 2024 година, а како негов ривал се најавува поранешниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп.

Во јуни 2022 година, сликата на Бајден како паѓа додека вози велосипед веќе предизвика бројни коментари. И тогаш Бајден брзо станал и немал физички последици од тој пад. Во најновиот здравствен извештај на демократскиот претседател во февруари се наведува дека тој е во добра здравствена состојба.