Шпигел: ЕУ планира санкции против Македонија | Македонија | DW | 24.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Шпигел: ЕУ планира санкции против Македонија

Во ЕУ се разговара за забрана за патување и блокада на сметки на водечките македонски политичари. Германски Шпигел јавува дека Меркел го предупредила Груевски да престане со блокадата.

Земјите-членки на ЕУ започнаа со конкретни дискусии околу санкции против Македонија, објавува германскиот магазин Шпигел.

„Иако во Европската служба за надворешна политика сѐ уште јавно не се дискутирало за тоа, на крајот веројатно ќе се одлучат за санкции, изјави еден претставник на службата на состанок на европските партнери на почетокот на април“, пренесува Шпигел.
„Голема е загриженоста и фрустрацијата на земјите-членки и на институциите поради долготрајниот политички ќорсокак во земјата“.

Од парламентарните избори во декември минатата година, политичките сили во земјата неуспешно се обидуваат да формираат нова влада. Иако социјалдемократите имаат мнозинство заедно со партиите на етничките Албанци, досега претседателот Ѓорге Иванов одбиваше да им даде мандат за формирање влада.

Германската канцеларка Ангела Меркел на конгресот на Европските народни партии во Малта го предупредила поранешниот македонски премиер Никола Груевски да престане со блокадата на формирањето на новата влада“, пишува германскиот магазин. 

Усогласени мерки

Според Шпигел, се планираат два вида санкции против Македонија. Забрана за патување и блокирање на сметки за одредени македонски политичари. А се размислува и за кратење на претпристапната помош - пари кои Македонија ги добива во рамките на подготовките за членство во ЕУ.

Минатата недела, американскиот Стејт Департмент отворено се закани со мерки против македонски политичари кои го блокираат демократскиот процес во земјата. Од Вашингтон дополнија дека таквите мерки ќе бидат усогласени со европските партнери.

„Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки“, порача Стејт Департментот.

Пораката беше испратена директно до претседатепот Иванов и политичарите од ВМРО-ДПМНЕ.

„Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко“, беше наведено во изјавата.

DW.COM

Реклама