Шолц, Макрон и Драги во посета на Киев | Свет | DW | 16.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шолц, Макрон и Драги во посета на Киев

Заедно со францускиот претседател и италијанскиот премиер, германскиот канцелар Олаф Шолц е во прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија врз оваа земја

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги утрово со специјален воз стигнаа во украинскиот главен град Киев, каде ќе се сретнат со украинскиот претседател Володомир Зеленски. На разговорите ќе стане збор за натамошна поддршка на земјата која е цел на руски напад и за желбата на Украина да биде примена во ЕУ.

Шолц постојано истакнуваше дека сака да отпатува во Киев кога може да се водат конкретни разговори. Украинскиот претседател Зеленски инсистира на испорака на повеќе тешко оружје за Украина од западните земји и очекува позитивен сигнал од Брисел за пристап кон ЕУ.

Од почетокот на март во посета на Киев беа бројни шефови на држави и влади, но оваа посета без сомнение е најважната:  Шолц,  Макрон и Драги ги претствуваат трите најбројни по население и економски најсилни држави од ЕУ. Сите три земји се членки на Г7, а моментално со групата претседава  Германија,  додека пак Франција сега го има ротирачкото претседавачко место во  ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вети натамошна целосна поддршка за Украина во борбата против руската агресија. „Важно е што ние сега како шефови на влади на трите најголеми земји, патуваме во Киев во оваа исклучителна ситуација на војна, за да им ја покажеме нашата поддршка на граѓаните на  Украина. Но, нашата цел не е само да демонстрираме солидарност, туку и да изразиме цврсто уверување дека помошта која ја организираме, финансиска, хуманитарна, но и во оружје, ќе продолжи и натаму, сѐ додека е тоа нужно во борбата на Украина за нејзината независност“, изјави германскиот канцелар Шолц во возот на пат кон Киев. 

Шолц, Макрон и Драги пристигнаа во Киев со специјален воз, зашто поради затворениот воздушен простор над Украина поради војната, и за државниците преостанува само копнен пат.