Хрватска: Национализмот и екстремизмот и натаму се и салонски | Информации и анализи за Балкан | DW | 14.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Хрватска: Национализмот и екстремизмот и натаму се и салонски

Германскиот репрезентативен голман Мануел Нојер на одморот во Хрватска пеел националистичка песна. Зошто хрватската јавност не ја сфаќа вознемиреноста во Германија поради тоа?

Скандалите околу десничарско-екстремистички и националистички повици и гестови се речиси секојдневна појава во Хрватска, најмладата членка на ЕУ. Ова ретко предизвикува возбуда во јавноста. Дури и сега, откако германскиот репрезентативен голман и чувар на мрежата на Бајерн Минхен, Мануел Нојер, за време на одморот на јадранското крајбрежје испеа скандалозна националистичка песна со хрватските пријатели, медиумите во Хрватска се само зачудени зошто тоа предизвикува толкава возбуда во Германија. „Германските медиуми брутално го напаѓаат Нојер“, критикуваат, на пример, истакнатиот вебсајт tportal.hr и реномираниот весник „Вечерњи лист“ .

Што се случи таму? Нојер беше на одмор со својот долгогодишен тренер Тони Тапаловиќ, кој поседува имот во Брела во централна Далмација. На очигледно веселата екскурзија до островот Шипан, Нојер и компанија придружувани од хармоника, ја пееја националистичката песна „Лијепа ли си“ (Убава ли си). Во песната делови од соседна Босна и Херцеговина, каде што живеат и Хрвати, кои се разделија во босанската граѓанска војна (1992-1995) и сакаа да влезат во Хрватска, се присвоени како хрватска територија.

Значи, во прашање е јасно ревизионистичка песна. Како на пример во Германија да се пејат песни во кои  се присвојува францускиот Алзас или германските територии во Полска до 1945 година.

Нојер сега се извини: не ја знаел содржината на песната. „Нојер очигледно на памет го знае текстот на песната“, од друга страна, зачудено реагира локалниот весник „Дубровачки Вјесник“: „Познато е дека Нојер го разбира хрватскиот јазик прилично добро, но го зборува само малку“, пишува весникот. На крајот од краиштата, голманот веќе долго време има играно заедно со хрватски играчи како Иван Ракитиќ, Ивица Олиќ, Марио Манџукиќ и Иван Перишиќ и е редовен гостин во Хрватска

Религиозни, националистички и фашистички алузии

„Лијепа ли си“ е хит песна на хрватскиот пејач Марко Перковиќ, кој се нарекува себеси „Томпсон“ според неговиот автоматски пиштол од војната во Хрватска (1991-1995). Перковиќ се специјализираше за песни со религиозни, националистички но и фашистички алузии. Од вицешампионскиот трофеј  за Грватска на Светското првенство во фудбал во Русија пред две години, неговата песна „Лијепа ли си“ е неофицијална химна на хрватските фудбалски навивачи. Тогаш, фудбалските ѕвезди на Хрватска гордо позираа со кантавторот Томсон  кој музички го придружуваше тимот на дочекот во главниот град Загреб.

Повеќе:

-Хрватска: Релативизирање на злосторствата на усташите?

-Хрватска: Строго толерирани усташки симболи

-„За дом спремни“ – лажна историја на лажните патриоти

Покрај моќната и многу конзервативна католичка црква и силното десно крило во Хрватска, фудбалската сцена до денес е расадник на екстремистички и националистички поглед на светот.

Така Марио Манџукиќ во 2012 година симболично ги поздрави генералите Анте Готовина и Младен Маркач, кои беа обвинети пред Трибуналот за воени злосторства во Хаг. Една година подоцна репрезентативецот Јосип Шимуниќ го грабна микрофонот на стадионот по квалификациски натпревар за Мундијалот и наизменично со гледачите го извикуваше фашистичкиот поздрав „За дом - Спремни!“

Повеќето од овие скандали минимизирани од страна политиката и медиумите во Хрватска - и со тоа конечно и акцептирани. Поздравот „За дом-спремни“, користен од Хитлеровите сојузници и фашисти- усташи во Втората светска војна, е контроверзно прашање во Хрватска со децении. Поранешната претседателка на државата, Колинда Грабар-Китаровиќ, навести легализацијата на поздравот како „нормален хрватски поздрав“ - но подоцна се повлече од идејата со полу-извинување.

Фашистички поздрав

Хрватскиот уставен суд во неколку наврати го прогласи поздравот „За дом-спремни" за противуставен и со тоа и забранет. Сепак, највисокиот суд за административни прекршоци, во минатиот месец, пресуди дека не може да се оспорува контроверзниот поздрав на почетокот на песната на Томсон „Бојна Чавоглаве"

Идеализирањето на усташката држава, во која беа убиени околу 100.000 Срби, Евреи, Синти и Роми, како и политички противници во концентрационите логори како Јасеновац, се толерира дури и во политичкиот центар на членката на ЕУ.. Ова не е академска дискусија - туку општествен дискурс што постојано води кон опасни политички ситуации.

Во јуни годинава, навивачите на фудбалскиот клуб „Динамо Загреб“, „Бад Бу Бојс", истакнаа транспарент јавно повикувајќи на силувања на српски жени и деца. Неколку дена подоцна, графитот „Српско семејно стебло" осамна и на англиски јазик во хрватската престолнина: луѓе висат на гранките на ова скандалозно „семејно стебло“.

Повикот „Уби Србина!" честопати се слуша од трибините  на хрватските фудбалски стадиони или се појавува како графит на ѕидовите на куќите. Долготрајното ривалство со Србите, кое не така одамна кулминираше во граѓанската војна (1991-1995), заедно со тривијализирање на фашистичкото минато, е главната движечка сила зад екстремниот национализам и фашизам

Границите на искажливото

Постојано поместување на границите на она што може да се каже, дури и во делови од политичкиот центар води конт тоа  старите слики за непријателот не се расклопуваат, туку дури и да се засилуваат. Анализата на актуелните учебници во училиштата во Хрватска и во Србија покажа дека учениците сè уште се индоктринирани со истите националистички стереотипи како во воените 1990-ти.

Притоа сопствените национални позиции се хероизираат - а наводно вечниот противник се демонизира. Токму ова долготрајно националистичко разводнување доведе до војната во Југославија во раните 90-ти.

 

Реклама