1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаг-Статусна конференција за предметот на Бошковски и Тарчуловски

21 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLz

Во Хашкиот Трибунал денеска ќе биде одржана статусна конференција за предметот против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски . На неа ќе биде направен преглед на предметот , и на активностите на обвинителството и на одбраната како и на досега собраните докази и на листата на сведоци што ќе се појават на судењето против двајцата македонски државјани што ќе започне на 16 април . Бошковски и Тарчуловски беа екстрадирани во Хаг во март 2005-та година откако против нив беше покренато обвинение за убиството на седумина жители од албанска националност во селото Љуботен за време на конфликтот во Македонија во 2001-ва година.