Франција нема да го блокира влезот на Македонија во ЕУ | Вести | DW | 18.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франција нема да го блокира влезот на Македонија во ЕУ

*

Франција нема намера да го блокира влезот во ЕУ на земји како Македонија и размислува да ја избрише клаузулата од Уставот со која се предвидуваат референдуми за секое ново проширување по влезот на Хрватска во Европската унија, изјави францускиот министер за европски прашања Жан Пјер Жоаје во интервју за весникот Фигаро. Одредбата за оддржување референдум во Франција, на секое проширување на Унијата, беше воведена пред две години, пред се’ како гаранција дека францускиот збор ќе биде пресудан кога ќе се решава за влезот на Турција во Унијата.