1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Брисел на 30 мај 2022
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Брисел на 30 мај 2022Фотографија: KENZO TRIBOUILLARD/AFP/Getty Images
ПолитикаУнгарија

Орбановиот модел пред крај?

Кено Верзек
16 јули 2022

Унгарија е на пресвртница. Орбан целосно ја изолираше својата земја во ЕУ со својот про-Путин став. Брисел би можел да престане да плаќа субвенции, што би значело крај на социјалниот модел на Орбан.

https://www.dw.com/mk/%D1%83%D0%BD%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0%D0%BD/a-62489493

Повеќе од 10 години унгарскиот премиер Виктор Орбан ја држи ЕУ во неизвесност. Брисел досега не пронајде начин ефикасно го санкционира Орбановото антидемократско реструктуирање на Унгарија. Наместо тоа, се  истроши во дискусии дали и како да продолжи со оваа земја. Од друга страна, Орбан со тактички игри во повеќе наврати успеа да запре одредени потези на ЕУ или да го уценува Брисел со вето за прашањата од надворешната политика или буџетот.

Сега, меѓутоа, би можело да дојде до пресврт за режимот на Орбан, бидејќи унгарскиот премиер доживува отпор на сите фронтови. Тој со своите про-Путин гледиштацелосно ја изолираше Унгарија во ЕУ.  Се искара дури и со својот најблизок сојузник Полска. Брисел досега остана неочекувано цврст и не ѝ исплати корона-помош на Унгарија поради обвинувањата за корупција. Истовремено, одлуката за санкциите против Унгарија, според новиот механизам за владеење на правото во ЕУ, треба да биде донесена во наредните. Од заклучокот на најновата правна експертиза произлегува дека Брисел има можност да ги скрати сите субвенции за Унгарија. Станува збор за милијарди евра кои итно ѝ се потребни на државата.

Освен тоа, веќе станува очигледно оти Унгарија е соочена со сериозна економска криза и дека нема да може да се одржи скапиот модел на социјален систем на Орбан, кој овозможи поткрепа за добар дел од жителите. Унгарскиот премиер и неговата партија Фидес остварија историска изборна победа во април. Но сепак, почетокот на крајот на моделот на Орбан можеше да настапи само во новата надворешнополитичка и внатрешнополитичка констелација.

Унгарскиот премиер Виктор Орван и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен
Унгарскиот премиер Виктор Орван и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер ЛајенФотографија: Francois Lenoir/AP/picture alliance

Против антируските санкции

Виктор Орбан и неговата влада до денеска не ја осудија недвосмислено руската војна против Украина - за разлика од сите други земји во ЕУ. Напротив, за Орбан Западот е одговорен за војната и тоа со своето фризирање и искривување на фактите. Пред неколку дена Орбан во еден говор рече дека западна Европа мора да сфати „оти можеби веќе не би требало цел да ѝ биде добивањето на војната против Русија, туку конечно да воспостави мир“.

Тој повеќепати ја обвини ЕУ дека финансира војна, а не мир. На Запад гледа „бизнис кругови“ на дело. Тие за него се „воени подбуцнувачи“, а ги „симболизира“ американскиот берзовен милијардер Џорџ Сорос. Орбан повеќепати се изјавсни против руските санкции на ЕУ. Кога патријархот на Руската православна црква, Кирил, требаше да биде ставен на ЕУ-листата со санкции, унгарската влада стави вето. Со успех - Брисел го тргна од листата партријархот кој ги слави воените злосторства.

Треба ли Орбан да посети очен лекар?

Поради таквиотпријателски став кон Путин, на најмоќниот човек во Полска, долгодишен Орбанов сојузник, национал-конзервативниот потпретседател на владата и шеф на ПиС, Јаросалв Качински, му пукна филмот. Тој изјави дека Орбан е слеп во врска со руската војна и злосторствата во Украина и му препорача „да оди на офтамолог“.

Ставот на Орбан кон Путин може, слично како и во Полска, да биде пресвртница за Брисел и за членките на ЕУ. Тоа би можело да доведе до сознание оти конструктивните и плодни преговори со унгарскиот премиер за демократијата и владеењето на правото и фундаменталните вредности на ЕУ - веќе не се можни. Тоа би можело да има последици за Унгарија. Во наредните месеци Европската комисија во Брисел заедно со земјите членки ќе мораат да одлучат дали треба и во која мерка на Унгарија да ѝ бидат ускратени средства од ЕУ, бидејќи ги крши начелата за владеење на правото. Земјата досега можеше да смета на поддршката од одделни држави членки против Брисел, но таа веќе не е сигурна.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на средба со рускиот претседател Владимир Путин на 1 февруари 2022
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на средба со рускиот претседател Владимир Путин на 1 февруари 2022Фотографија: Sputnik via REUTERS

100-процентно укинување на помошта од развојните фондови на ЕУ

На одлуката за укинување на помош за Унгарија се чека бидејќи новиот ЕУ-механизам започнат на крајот на април - се спроведува првпат против една членка на ЕУ откако стапи на сила на почетокот на 2021 година. Ова таканаречено правило за кондиционалитет го олеснува санкционирањето за земјата, членка на ЕУ која го крши владеењето на правото. За да може да стапи на сила, доволно е за тоа правило да гласа квалификувано мнозинство од земјите членки со 65 отсто од населението. Во останатите постапки потребна е едногласна одлука на државите членки.

Во Брсел минатата недела (06.07.2022.) беше објавено правното мислење кое ја анализира висината за можните финансиски санкции против државата членка. Во експертизата се заклучува дека целосното откажување на финансирањето на Унгарија е оправдано и потребно, затоа што кршењето на владеењето на правото е толку сериозно, долготрајно и систематско што ниту едно евро не е безбедно од корупција и злоупотреба.

Оваа стручна анализа ја препорача претставникот на Зелените, Даниел Фројнд, во Европскиот парламент. Тој наиде на одобрување во сите важни клубови на пратеници во Европскиот парламент: во редовите на Зелените, социјалдемократите, либералите, па дури и во во Европската народна партија, на која партијата Фидес на Орбан ѝ припаѓаше до март 2021 година. Сега е прашање дали Европската комисија има политичка волја да го спроведе тоа. Фројнд се сомнева во тоа - и остро ја критикува претседателката на Европската комисја, Урсула фон дер Лајен. „Бројни резолуции во Европскиот парламент веќе подолго време обвинуваат за неделотворност, што е непримерно и зборува само за себе“, вели тој.

Протести поради зголемен данок во Унгарија

Една од авторките на експертизата, политиколог и правен експерт, Ким Лејн Шепеле од американскиот универзитет Принстон за ДВ вели дека ЕУ првично имала правни механизми да го санкционира Орбан. „Меѓутоа, немаше политичка волја, а една од најголемите препреки за тоа беше поранешната канцеларка Ангела Меркел“, нагласува Шепеле.

„Сега Европската комисија мора јасно да даде до знаење дека сите државни институции во Унгарија се по политичка контрола на Орбан и оти тој ќе продолжи по старо ако не му се ускратат парите.“

Протести против мерките за штедење

Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач ја коментираше експертизата, велејќи: „Ова најново малтретирање од страна на либералната толпа во Европскиот парламент е израз на политичка злоба“. Самиот Виктор Орбан во говорот на 7 јули 2022 година рече дека Унгарија, за време на презентацијата на експертизата во Европскиот парламент, била нападната од „сцени налик на интифада и вивисекција“. Тој индиректно ја обвини опозицијата дека ја предала татковината затоа што учествувала во тоа. Од фондовите на ЕУ требаше да се финансираат зголемувањето на платите на унгарските лекари и наставници.

Острите тонови не се случајност. Унгарија со години води дарежлива социјална и даночна политика, со која партијата Фидес на Орбан си ги осигурува своите гласачи. Пред парламентарните избори во април, Орбан уште еднаш подели даночни подароци и финансиска помош. На тоа сега  очигледно му доаѓа крајот. Унгарската влада во последните денови ги повлече даночните олеснувања и социјалните мерки. Најверојатно ќе следат драстични мерки за штедење. Во земјата веднаш избувнаа демонстрации на гневни луѓе. Дневниот весник Непсава објави коментар со наслов: „Ова се знаци на пад“.

 

 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница