Трката за Белата куќа ни оддалеку не е одлучена | Свет | DW | 17.08.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Трката за Белата куќа ни оддалеку не е одлучена

Џо Бајден и Камала Харис на номинирачкиот конгрес на Демократската партија ќе се презентираат како перфектна комбинација за претседателските избори во САД. Но, нивниот успех ни оддалеку не е сигурен, смета Инес Пол.

Фрлање поглед кон минатото понекогаш помага за разбирање на сегашноста и ориентација кон иднината. Постојат две главни причини поради кои Доналд Трамп можеше да победи на претседателските избори во САД пред четири години.

Прво, затоа што тој не беше Хилари Клинтон. И второ, затоа што му успеа да се инсценира како политички аутсајдер. Двете работи се меѓусебно поврзани.

Многу Американци до денешен ден чувствуваат омраза кон тогашната демократска претседателска кандидатка Хилари Клинтон и тоа од повеќе причини. Една е што таа и нејзиниот сопруг, екс-претседателот Бил Клинтон, со децении припаѓаат на политичката елита на САД. И многумина избирачи ги сметаат за одговорни што Вашингтон сѐ повеќе се оддалечува од грижите на просечниот граѓанин, што богатите стануваат сѐ побогати, а сиромашните сѐ посиромашни.

Џо Бајден не се залага за големи промени

Претседателот Трамп натамошно ги заостри овие социјални поделби. Но, тоа ништо не менува во фактот што и оваа година значајни групи од избирачите на Демократите се повеќе од незадоволни од изборот на нивниот претседателски кандидат.

Ines Pohl Kommentarbild App

Инес Пол

Џо Бајден, белец, стар 77 години и „праисториски" политичар, за многумина отелотворува статус кво. А не она на што првенствено црните, Латиноамериканците, многу жени, но и млади прогресивни демократи толку очајно се надеваат: политичка промена, која нема да биде во заштита на големите концерни, туку ќе значи иднина за американскиот сон.

Соодветно големи затоа се надежите на демократските изборни стратези кои сега ги полагаат во потпретседателската кандидатка Камала Харис. Дали ќе ѝ успее да ги убеди неопределените гласачи, ќе ги мотивира разочараните избирачи и ќе ги придобие за себе оние републиканци кои не сакаат на Доналд Трамп да му дадат доверба за наредните четири години?

Изостанаа еуфорични моменти

Традиционално, партиските конгреси се голем фест на кој се создава заедништво. Тоа е посебно важно за Демократите, кои во сржта се движење кое своите различни крила мора да ги мобилизира зад една основна идеја доколку сака да ги освои изборите. И фактички, токму претседателскиот кандидат е оној кој ја отелотворува таа идеја. Харизмата на Џо Бајден меѓутоа тешко дека ќе биде доволна за оваа цел.

Повеќе:

САД: Камала Харис- храбар избор

Бајден ја осигура номинацијата и „распука“ по Трамп

САД: Закана од масивно странско мешање во претседателските избори

Би било интересно да се види како масата делегати ќе реагира на Камала Харис. Подгреано од досегашната ѕвезда Мишел Обама, како увертира на поранешната прва црна прва дама за евентуална прва жена-претседател која нема да има бела боја на кожата. Со голема веројатност, ова би можело да биде еден таков момент во кој се наежува кожата, кој ги премостува разликите и сее надеж.

Нема масовни собири

Големите шоуа оваа година мора да отпаднат. Енергетскиот импулс кој номинирачките партиски конгреси вообичаено го пренесуваат низ целата земја, овојпат стана жртва на коронавирусот. Партискиот конгрес на Демократите, кој почнува денеска и ќе трае четири дена, ќе биде одржан во дигитална форма.

Додека големи делови од светот во идните недели со огромно внимание ги следат настаните во САД, политичките актери таму немаат друг избор освен да се препуштат на виртуелната борба. Постојано во надеж дека нема да дојде до техничка грешка која би се претворила во вирален убод од нож.

На еден претседател во вакви услови без сомнение функцијата му обезбедува поголема бина. А ако Доналд Трамп нешто знае, тогаш тоа е да свири на клавијатурата на медиумскиот интерес.

Реклама