1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден ја осигура номинацијата и „распука“ по Трамп

СН/агенции
6 јуни 2020

Џо Бајден успеа. 77-годишниот американски политичар објави дека ги има потребните гласови за претседателската кандидатура на Демократската партија по успесите во неодамнешните предизбори.

https://p.dw.com/p/3dL7t
USA Joe Biden in Dover
Фотографија: Reuters/J. Bourg

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден и официјално стана кандидат на демократите на претседателските избори во ноември.

Џо Бајден изјави дека му е „чест да се натпреварува со една од најтелентираните групи на кандидати“ и оти демократите „на избори одат како еднинствена партија“. Иако фактички ги доби внатрешнопартиските избори уште во април, кога од трката се повлече сенаторот Берни Сандерс, Бајден дури сега собра доволен број делегати.

Џо Бајден ќе се соочи со претседателот Доналд Трамп на изборите на кои извесно ќе доминираат темите како коронавирусот, рецесијата и граѓанските протести кои ги потресуваат САД.

Критики за Трамп

Бајден го критикуваше говорот на претседателот Трамп за Џорџ Флојд, чиј погреб беше во четвртокот, а голем бран демонстрации ги потресе САД поради неговата смрт.

Солидарност со револтот во САД

Повеќе:

-По смртта на Флојд: Просторот пред Белата куќа доби име „Black Lives Matter“

-Социјална нееднаквост во САД: Афроамериканците и натаму посиромашни, поболни, понеобразовани

-Тужба против Трамп

Трамп вчера рече дека се надева оти Флојд гледа одозгора и ги гледа извонредните работи кои се случуваат во САД. „Прекрасен ден за него. Прекрасен ден за сите нас“, изјави Трамп за Флојд кој беше убиен минатиот месец, за време на приведувањето, кога полицаец со колено му го притискаше вратот околу 9 минути.

Бајден зборовите на Трамп ги нарече одвратни. „Последните зборови на Џорџ Флојд беа дека не може да диши. Тоа одекна во целата нација, но и во светот. Кога претседателот ќе се обиде да стави други зборови во устата на Џорџ Флојд, јас искрено мислам оти тоа е одвратно“, рече Бајден. Тој додаде дека Трамп тоа го кажал на денот кога порасна невработеноста кај Афроамериканците и Латиноамериканците и оти тоа зборува сѐ што треба да се знае за Трамп. „Трамп сѐ уште не разбира. Тој е целосно несвесен дека десетици милиони луѓе се соочуваат со најголемите проблеми во своите животи. Претседателот кој не презема одговорност за тоа што милиони ги чинеше работно место не заслужува доверба“, заклучи Бајден.