Трамп го одложи објавувањето на „чувствителни“ документи за Кенеди | Свет | DW | 27.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Трамп го одложи објавувањето на „чувствителни“ документи за Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела требаше да даде дозвола за отворање на сите тајни документи за убиството на Џон Кенеди. Сепак, под притисок на тајните служби, дел од документите не се објавени.

USA JFK Dokumente - Kennedy in Dallas (Reuters/Walt Cisco/Dallas Morning News)

Џон Кенеди во Далас непосредно пред атентатот

И покрај најавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, не се објавени сите тајни документи за убиството на американскиот претседател Џон Кенеди. Трамп буквално во последна минута потклекна под притисокот на тајните служби. Според наводи на владини претставници, ЦИА, ФБИ и други служби побарале дел од документите да не бидат објавени, а ако се планира објавување, претходно да бидат подложени на „уредување“.

Чувствителните документи, според наводи на Белата куќа, содржат информации за идентитетот и улогата на информантите. Се работи за десетици, а можеби и стотици илјади страници. Затоа Трамп на службите им даде рок од 6 месеци да ги прегледаат и обработат соодветните документи и да објаснат зошто одредени документи не смееле да бидат објавени.

USA Donald Trump (Reuters/K. Lamarque)

Трамп мораше да попушти под притисокот на тајните служби

Трамп обајснува дека немал друг избор, освен да прифати ваква постапка, но додаде дека издал наредба за конечно симнување на велот на тајната од документите. По истекот на рокот ќе биде објавено сѐ што е  можно да се објави.

Трамп минатиот викенд најави комплетно објавување на тајните документи за Кенеди. Уште во 1992 година Конгресот донесе закон за објавување на речиси сите од околу 5 милиони акти за смртта на Кенеди. Дел од нив имаше рок на тајност од 25 години, кој истече на 26 октомври.

USA JFK Dokumente - Lee Harvey Oswald (picture-alliance/AP Photo)

Ли Харви Освалд дејствувал сам, заклучи истрагата

Кенеди беше убиен во Далас, на 22 ноември 1963 година. За убиството беше уапсен Ли Харви Освалд, кој два дена потоа беше убиен од страна на Џек Руби. Истрагите на Комисијата за убиството го донесоа заклучокот дека Освалд дејствувал сам.

Сепак, убиството со неколку истрели на 35. американски претседател до денес е причина за многу теории на заговор. Меѓу нив е и тезата дека наследникот на Кенеди, Линдон Џонсон наводно ги влечел конците за атентатот, притоа соработувајќи со ЦИА, како и теоријата дека во убиството е вмешана Куба. Фактот што дел од документите сега не смеат да бидат објавени, потхрани нови теории на заговор. Експертите, наспроти тоа, се уверени дека објавените документи не содржат којзнае какви откритија.

DW.COM

Реклама