1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Џон Ф. Кенеди: митот и наследството

Мартин Ганзлмајер
29 мај 2017

САД му оддаваат почит на еден претседател, кому многумина сѐ уште му се воодушевуваат, иако беше на функцијата само околу 1000 дена. Џон Ф. Кенеди беше роден на денешен ден пред точно 100 години.

https://p.dw.com/p/2djeA
USA - 50 Jahre Attentat auf JFK
Фотографија: DW/G. Schließ

Историчарите внатрешно и надворешно-политичките остварувања на 35-от претседател на САД ги оценуваат повеќе како просечни. Неговиот имиџ меѓутоа останува нескршлив. Токму затоа не само во главниот град Вашингтон, туку и во неговиот роден град Бостон деновиве преку манифестации и изложби, по повод 100-та годишнина од неговото раѓање потсетуваат на прочуениот ЏФК.

Можеби контрастот со актуелниот претседател Доналд Трамп е и уште една причина, поради која барем либерална Америка со задоволство се сеќава на Кенеди, роден на 29 мај 1917 година. Во колективното сеќавање на американските граѓани Кенеди останува младиот претседател со добар изглед, кој ја катапултираше земјата од малограѓанските 50-ти години од минатиот век во модерното. Толку многу еуфорија како за време на владеењето на Кенеди во 60-те години имало ретко во САД. Многу Американци до денес му се воодушевуваат, иако беше на функцијата само околу 1000 дена, од јануари 1961 па до неговото убиство во ноември 1963 година.

Foto vom Starfotografen Will McBride
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Will McBride-Camera Work/Kennedy Museum

На 22 ноември 1963 година Кенеди беше убиен додека во Далас во возило со отворен покрив ги поздравуваше насобраните граѓани. За смртоносните истрели и за оние кои стојат зад атентатот до денес се множат теории на заговор. Тие од ЏФК направија мит. 

На ранг-листата на најдобри претседатели на САД, историчарите го гледаат Кенеди само на 10-то место. Зашто тој ја започна Виетнамската војна, а сѐ друго што  започна, го доврши неговиот наследник Линдон Б. Џонсон, на пример давањето на повеќе граѓански права за Афроамериканците. Сепак за 100-от роденден на Кенеди многу граѓани на САД со носталгија се присетуваат на времињата кога земјата изгледаше помалку поделена и помалку цинична отколку денес.

Повеќе за митот и наследството на ЏФК погледнете во следнава галерија: