Германија со соло настап - ќе се водат разговори со Русија за вакцината Спутник V | Информации и анализи за Германија | DW | 08.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија со соло настап - ќе се водат разговори со Русија за вакцината Спутник V

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ќе води билатерални разговори со Русија околу набавка на вакцината Спутник V.

Европската комисија вчеравечер, на советувањата на министрите за здравство на ЕУ, најави дека од своја страна не сака да склучува договори за испорака на вакцина од Русија, изјави денеска германскиот министер Јенс Шпан во интервју за радиото ВДР5. Потоа тој во име на Германија објаснил дека „ние ќе разговараме со Русија билатерално“.

Со Русија сега прво треба да се разјаснат две прашања, вели Шпан. Прво, Русија би морала на Европската агенција за лекови (ЕМА) да ѝ достави дополнителни податоци, за регулаторното тело да може да донесе одлука за дозвола на Спутник V. Без дозвола на ниво на ЕУ, вакцината не би можела да се употребува во Германија.

Deutschland Berlin | Coronavirus | Jens Spahn, Bundesgesundheitsminister

Јенс Шпан: Ние ќе разговараме со Русија билатерално

Од друга страна, Шпан од Русија очекува „обврзувачка изјава за тоа кога и колку количества вакцини би можеле да ѝ бидат доставени на Германија откако би се добила дозвола од ЕМА. За навистина да се забележи напредок во нашата актуелна состојба, доставата на вакцината би морала да се случи веќе во наредните два до четири, пет месеци,“ вели Шпан. Во спротивно, „и онака ќе имаме доволно вакцини, на овој или оној начин“.

Претходно, премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Зедер објави дека покраината има намера да ја нарача руската вакцина Спутник V. Доколку Спутник добие дозвола во Европа, Баварија најверојатно ќе добие околу 2,5 милиони дози во јули, изјави Зедер во Минхен.

Повеќе:

Спутник V: Туристички тури за вакцинирање во Русија? 

Расте интересот во Европа за Спутник V

Русија во офанзива со вакцината Спутник V

Ваквите планови на Баварија наидоа на критики. Покраината Долна Саксонија нема да презема самостојни чекори, нагласи покраинскиот премиер Штефан Вајл. „Ние се држиме до договорените процеси. Фактот што тоа го прави токму колега, кој инаку секогаш со силни зборови бара унифицирано однесување во борбата против пандемијата, зборува за себе“, вели Вајл. Самостојниот настап на Баварија во врска со Спутник го критикуваше и претседателот на Постојаната комисија за вакцинација СТИКО, Томас Мертенс.

DW.COM

Реклама