1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Селективното пишманење на Иванов не е доволно за ЕУ и САД

Б. Георгиевски
27 мај 2016

Брисел и Вашингтон не го прифаќаат половичното повлекување на аболицијата од страна на македонскиот претседател. Одлуката мора целосно да се повлече

https://p.dw.com/p/1IwBo

Половичното решение кое денеска го понуди македонскиот претседател Ѓорге Иванов не е доволно ниту за Европската Унија, ни за САД.
„Одлуката на Иванов за делумно повлекување на амнестијата не е доволна. Потребно е сеопфатно решение“, порача преку својот Твитер профил ЕУ комесарот Јоханес Хан.



Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич во изјава за агенцијата Мета дополнува дека на претседателот Иванов повеќе пати му е кажано истото:
„Претседателската амнестија мора целосно да биде поништена без одложување, за да се зачува принципот на одговорност и да се обезбеди еднаков третман пред законот и да се избегне селективната правда“.
Од амбасадата на САД во сличен тон, оценуваат дека делумното откажување на Иванов не менува ништо.



„Парцијални и селективни поништувања на амнестија ќе придонесат кон растечко чувство на неказнивост во земјата“, велат оттаму.
Попладнево, Иванов во обраќање до граѓаните соопшти дека одлучил делумно да ретерира од својата одлука донесена на 12 април, иако и понатаму смета дека бил во право.

„И денес како и тогаш сметам дека одлуката беше во интерес на граѓаните. Многумина не ја разбраа или не сакаа да ја разберат оваа идеја“, рече Иванов. Претседателот дополни дека немал намера да креира селективна правда.
Како образложение за промената на ставот, Иванов ја наведе „новата реалност во Македонија“. Според неговата оценка, денес земјата има „функционални институции“ за разлика од тогаш.

Вечерва и Шарената Револуција продолжи низ улиците, а главната парола на демонстрантите беше „Селективната правда не е правда“. Таа порака беше напишана и пред зградата на ЕУ Инфо Центарот во Скопје, на англиски јазик.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Секоја година на 9-ти декември се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Ден за преиспитување: Поглед врз корупцијата

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница