Северна Кореја: Трамп одеднаш стана умерен | Свет | DW | 07.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја: Трамп одеднаш стана умерен

Американскиот претседател Доналд Трамп ја менува својата остра реторика во однос на Северна Кореја и го повикува Пјонгјанг на преговори.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази умерен оптимизам во врска со севернокорејската нуклеарна и ракетна програма. За време на посетата на Јужна Кореја, Трамп го повика дипломатски изолираното раководство на Северна Кореја на маса за преговори и на постигнување „дил“. „За Северна Кореја има смисла да се врати на преговарачка маса за да се постигне договор кој ќе биде добар за луѓето во Северна Кореја и за луѓето во светот“, рече Трамп во Сеул на заедничката прес-конференција со јужнокорејскиот претседател Мун Џе Ин.

Südkorea Donald Trump und Moon Jae-in (Reuters/J. Ernst)

Доналд Трамп и Мун Џе Ин во Сеул, 07.11.2017

Истовремено, Трамп се закани дека доколку е неопходно, ќе бидат употребени воени стредства. „Северна Кореја е светска закана и неопходно е преземање светски мерки“, рече американскиот претседател, додавајќи дека САД и сојузниците притоа бележат „многу напредок“. Кина по ова прашање, според Трамп, е „од голема помош“. „Се надеваме дека и Русија ќе помогне“, нагласи Трамп.

Портпатролот на Кремљ, Дмитри Песков, во Москва денеска рече дека на евентуалната средба на Трамп и Путин на маргините на самитот на Апек, на средината од ноември во Виетнам, треба да стане збор пред сѐ за кризата околу нуклеарната програма на Северна Кореја. Покрај тоа, тема на разговорот би бил и конфликтот во Сирија.

DW.COM

Реклама