1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Димитар Ковачевски СДСМ
Димитар Ковачевски, премиер и претседател на СДСМФотографија: Petr Stojanovski /DW

СДСМ даде зелено светло за францускиот предлог

ДТЗ
12 јули 2022

Владејачката партија го поддржа, а опозицијата го оспорува предлогот кој треба да ја отвори вратата за европските интеграции. На потег е Собранието, коешто ќе треба да расправа за преговарачката рамка со ЕУ.

https://www.dw.com/mk/%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0-%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3/a-62439123

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука со која го поддржа процесот за отпочнување преговори со ЕУ. Со оваа одлука, членството на партијата го поддржува процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ согласно предлог - преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од претседателството на Франција. Одлуката е донесена едногласно. 

„СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности“, наведуваат од партијата. 

Важна одлука 

Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури. 

Според СДСМ, во преговарачкиот процес, Владата, заедно со сите институции, и понатаму треба доследно да се придржуваат до Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена од македонското Собрание. 

„Нашата земја е пред многу важна одлука за нејзината иднина и остварување на уште една стратешка цел, отворање на преговорите со Европската унија со зачуван и обезбеден македонски јазик во ЕУ.  Тоа значи конечно затворање на сите идентитетски прашања. Имаме предлог кој гарантира чист македонски јазик во ЕУ, историски и билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. Сите политички партии треба да пристапат одговорно, државнички и рационално и заедно да ја донесеме долгоочекуваната државна одлука за продолжување на евроинтегративниот пат на земјата“, потенцираат од СДСМ.

Страв од асимилација

Две недели откако предлогот беше претставен во јавноста, околу него се кршат копјата во јавноста, а опозицијата секој ден одржува протести во кои повикува на сенародна поддршка против усвојувањето на „ваков штетен договор за земјата“. 

Nord Mazedonien Protest in Skopje
Францускиот предлог ја подели јавноста и доведе до протестиФотографија: Ognen Teofilovski/REUTERS

По вчерашната координација во Собранието, спикерот Талат Џафери информираше дека согласно Деловникотќе свика пленарна седница за францускиот предлог. Опозицијата, пак, бара преговарачката рамка да се врати до Владата и да се објави прокотоколот кој сметаат дека ги содржи сите барања на Бугарија и кој води до асимилација. 

„Власта на антимакедонската СДСМ го крие протоколот од очите на јавноста. Тие без срам велат дека прво овој протокол ќе се потпише, а после ќе се објави, со што сакаат јавноста во Македонија да ја доведат пред свршен чин. Според протоколот во точно определено време Македонија ќе треба да менува учебници, историски лекции за настани и личности, споменични обележја и се според диктат на Бугарија. Ова понижување кое сака власта на Ковачевски да му го направи на народот не дава европска перспектива, туку носи или бесконечни преговори или асимилација“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Москва Анексија Украина

Путин потпиша анексија на четири украински региони

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница