Сараево- само писта за слетување за Лавров | Свет | DW | 21.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сараево- само писта за слетување за Лавров

Посетата на Сергеј Лавров на БиХ доаѓа во најжешката фаза од предизборната кампања. Во Сараево на неа гледаат како натамошна поддршка за Република Српска и зголемување на руското влијание на сметка на западното

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во официјална посета на Босна и Херцеговина каде, како што е најавено, во Сараево ќе ја потврди „цврстата приврзаност“ на Русија кон Дејтонскиот договор. По средбата со членовите на Претседателството и министерот за надворешни работи Игор Црнадак продолжува за Бања Лука каде ќе го пречекаат претседателот на РС, Милорад Додик и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
Иако се уважува дипломатската коректност на Москва- Лавров прво доаѓа во главниот град, а дури потоа во Бања Лука- посетата на шефот на руската дипломатија во Сараево се толкува како израз на руска поддршка за Република Српска.
Политичкиот аналитичар Џевад Кучукалиќ смета дека предизборните посети на високи функционери „не се умесни“ бидејќи отвораат можност за погрешно разбирање и толкување на ставовите кои притоа се изнесуваат.
„Додик најмногу би сакал Лавров директно да дојдеше во Бања Лука заобиколувајќи го Сараево. Но, Лавров е искусен дипломат иако во овој случај поради чувствителната предизборна ситуација можеше да го избегне доаѓањето во БиХ. Посетата на Лавров ќе настојуваат да ја искористат и политичките ривали на Додик како Младен Иваниќ и Игор Црнадак за да им се додворуваат на гласачите во РС“, вели Кучукалиќ.
„Излегува дека Сараево му послужи на Лавров само како писта за слетување“, вели аналитичарот критикувајќи ја најавата дека Лавров и Додик ќе разговараат за „билатералните односи“. „Разговори за билатерални и меѓудржавни односи се водат во главниот град на државата, а не во административно седиште на ентитет“, вели Кучукалиќ.

Аналитичарите потсетуваат дека руското влијание во овој дел на светот на било толку изразено додека Западот имал поактивна улога во БиХ. Руската федерација немаше доволно капацитет посериозно да му се спротивстави на влијанието на САД и ЕУ кое на терен беше засилено и со присуство на НАТО и Еуфор.

Ако не сака Запад, сака Русија

Професорот по меѓународни односи Аднан Хускиќ вели дека со намалувањето на присуството на Западот во БиХ, што ефектуираше и преку постепено повлекување на воените сили, руското влијание во регионот станува се позначајно, а разликите во Советот за имплементација на мирот во БиХ, во чии рамки Русија има издвоено мислење, сѐ се поизразени.
„Засилувањето на руското влијание во БиХ се гледа и во процесот на приватизација во РС каде руски Газпром станува сопственик на значаен дел од ентитетската нафтена индустрија. Со преземањето на нафтената индустрија во овој ентитет Русија го засилува и политичкото влијание во регионот, особено во Србија и РС“, вели Хускиќ.

Russland Treffen Milorad Dodik und Wladimir Putin

Милорад Додик и Владимир Путин


Со намаленото западно и засиленото руско влијание во БиХ, скептиците ја доведуваат во прашање и западната ориентација на земјата, односниот нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО. Затоа е важно да се утврди во која мерка засиленото руско влијание и индолентноста на Западот можат да имаат влијание врз определбата на БиХ.

Руско-турските односи и БиХ

Посебно прашање е дали новото турско-руско партнерство на глобален план може да влијае врз судбината на БиХ. Политичкото влијание на Москва и Анкара во регионот е неспорно. Хускиќ верува дека членството на Турција во НАТО донеодамна не беше доведувано во прашање, што повеќе не е случај по несогласувањата меѓу Анкара и Вашингтон.
„До тие несогласувања Турција можеше да се смета за сигурен партнер на Западот во БиХ, односно во Советот за имплементација на мирот. Но, јасно е дека Турција се оддалечува од западните вредност и ќе биде интересно да се следи како турско-руското сојузништво ќе влијае на односите со Западниот Балкан. И двете држави имаат силни врски со БиХ- Москва со Бања Лука и РС, а Ердоган со официјалната бошњачка политика“, вели Хускиќ.
Тој додава дека е важно и тоа како ќе се постави БиХ имајќи предвид дека таа држава и регионот не успеаја да се афирмираат како рамноправен субјект во меѓународните односи. Хускиќ вели дека поради актуелното ниво на еманципација и политичка култура, БиХ и другите западнобалкански држави се само „објекти без идентитет“.

DW.COM