Санкт Петербург: Осомничениот атентатор е од Киргистан | Свет | DW | 04.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Санкт Петербург: Осомничениот атентатор е од Киргистан

Осомничениот атентатор самоубиец од Санкт Петербург е Русин со киргиско потекло, соопштија безбедносните власти на Киргистан.

Осомничениот атентатор самоубиец Акбаршон Џалилов е роден 1995 година во градот Ош, изјави денеска портпарол на киргистанската тајна служба ГКНБ. Од Киргистан се вели дека тој „веројатно“ имал и руско државјанство.

Во експлозијата во метрото во Санкт Петербург вчера загинаа 14 луѓе, а над 40 се повредени. Според наводи на руската тајна служба ФСБ, експлозијата се случила во 14:40 часот по локално време, во воз кој бил на релација меѓу станиците Сенаја Плошчад и Технолошки институт во центарот на Санкт Петербург. Непосредно потоа, во метро-станицата на Плоштадот на востанието е пронајдена бомба од рачна изработка која е „навремено деактивирана“, соопштија властите за борба против тероризам.

Досега одговорност за нападот нема преземено никој.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој во моментот на нападот се наоѓал во близина на Санкт Петербург, изјави дека се води истрага во сите насоки. Како причина се разгледуваат можностите „несреќа, злосторство и пред сѐ тероризам“, рече Путин.

Russland Terroranschlag auf U-Bahn in St. Petersburg (picture-alliance/AP Photo/D. Lovetsky)

Рускиот претседател Владимир Путин вчеравер положи цвеќе во близина на станицата Технолошки институт во Санкт Петербург

Трамп му понуди поддршка на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп на рускиот колега Владимир Путин му понуди американска поддршка по нападот во Санкт Петербург. Трамп водеше телефонски разговор со Путин и му изрази уверување дека американската влада ќе помогне за реакција на нападот и пронаоѓање на одговорните. Трамп и Путин се единствени во ставот дека против тероризмот е неопходна решителност и брза акција, беше соопштено во Вашингтон.

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати телеграма со сочувство до Путин во кое ја изрази својата ужаснатост од нападот.

Во Санкт Петербург е прогласена тридневна жалост и зајакнати се безбедносните мерки. Сите приоди кон метрото дополнително се контролираат, а зајакнати контроли има и во автобусите и трамваите.

Гледај видео 01:05

Санкт Петербург жали

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама