Рот: Самитот во Лондон е јасна поддршка за Балканот | Свет | DW | 09.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Рот: Самитот во Лондон е јасна поддршка за Балканот

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот во разговор за ДВ најавува дека на самитот ЕУ-Западен Балкан во Лондон уште еднаш ќе биде потврдена поддршката за натамошен развој на регионот

Од самитот во Лондон ќе биде испратен јасен сигнал дека состојбата на Балканот е од огромно значење за Европската Унија, вели германскиот министер за Европа, Михаел Рот пред почетокот на состанокот во Лондон, кој по петти пат ќе ги седне на иста маса шефовите на држави и влади на шесте земји од Западниот Балкан со водечките членки на ЕУ.

„Приврзани сме кон европската перспектива, ги изнесуваме очекувањата, но сакаме и конкретно да помогнеме за зајакнување на владеењето на правото, за подобрување на перспективите за младата генерација, и да придонесеме за подобра регионална соработка и помирувањето. Никој не смее да го остави сам Западниот Балкан, особено не сега, и затоа во Лондон ќе се одржи една важна конференција“, вели Рот за ДВ.

Гледај видео 00:42

Рот: нема да го оставиме сам Западниот Балкан

Германскиот министер вели дека на самитот ќе се разговара за конкретна реализација на најавените проекти за кои ЕУ веќе одобри финансиска помош. Тој особено инсистира на зголемување на финансиите за проектите кои се однесуваат на младите луѓе во регионот.

„Мора да стане јасно дека на крај нешто останува и за луѓето во Западниот Балкан, имено работни места и чувство дека не се оставени сами на себе“.

Во изјавата пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ и на земјите од регионот, Рот го издвојува примерот на Македонија како позитивен за целиот регион.

„Историскиот договор меѓу Грција и поранешната југословенска република Македонија во спорот за името покажа дека е можно да се надминат и длабоки билатерални разлики, кога ќе порасне довербата и кога постои политичка волја“, порача Рот.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама