1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс оптимист за Блискиот исток

5 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C1Q9

Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс денеска во Рамала изрази надеж дека претстојната мировна конференција за блискиот исток ќе доведе до решение за формирање на палестинска држава која ќе живее во мир со соседен Израел. По разговорите со палестинскиот претседател Махмуд Абас Рајс нагласи дека очекува договорот по ова прашање да биде постигнат пред крајот на мандатот на американскиот претседател Џорџ Буш. Рајс изјави дека средбата во Анаполис,Мериленд, ќе се одржи до крајот на годинава, но повторно не соопшти точен датум. Претходно во Ерусалим таа му вети сестрана поддршка и на израелското раководство.