1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Ukraine | Russische Soldaten | Der Seehafen von Mariupol
Фотографија: AP/picture alliance

Дали гладот се користи како оружје во војната во Украина

Астрид Пранге
28 мај 2022

Кој е одговорен за затворените пристаништа и минирани морски рути во Црното Море? Дали санкциите за Русија ги зголемуваат цените на житото? Може ли да се замени украинската пченица? ДВ ги провери фактите.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8-%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B5-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%B6%D1%98%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0/a-61940953

Дали извозот на храна се злоупотребува како „тивко оружје“? 

Тврдење: Русија злоупотребува глад како оружје во војната во Украина. „Нема сомнеж дека храната на многу различни начини се користи како воено оружје “, вели шефот на Светската програма за храна (СПХ) Дејвид Бисли. 

Проверка на факти од ДВ: Точно.

Уште од почетокот на украинската војна, првиот човек на СПХ, Девјид Бисли предупредува од криза со храна. Во интервју за американската телевизија СиБиСи, на 17 април одговори со јасно „да“ на прашањето дали Путин го користи гладот како оружје: „Нема сомнеж дека храната на многу различни начини се користи како воено оружје“.

На седницата на Советот за безбедност на ОН, на 19 мај Бисли предупреди:  „Блокирањето на пристаништата  во регионот на Одеса е објавување војна на глобалната безбедност во снабдувањето со храна и ќе доведе до глад, немири и глобално раселување“. 

Привременото замрзнување на  извозот на жито  од Русија дополнително ја влошува ситуацијата. Најголемиот светски извозник на пченица го прекина извозот на жито од крајот на март до крајот на јуни.

Опишувајќи го  извозот на храна  како „тивко оружје“ и поранешниот руски претседател Димитри Медведев индиректно ги потврди обвинувањата на Бисли. „Обезбедувањето храна во многу земји зависи од нашиот извоз. Се чини дека нашата храна е нашето тивко оружје. Тивко, но моќно“, напиша тој на 1 април на социјалната мрежа Телеграм. 

Пер Бродерсен, директор на Германската агробизнис алијанса при Комитетот за источноевропски економски односи, ја обвинува Москва за свесно користење на ова „оружје“. „Неизвесноста присонесува цените вртоглаво да растат“, објаснува тој во интервју за ДВ. „Земјите кои складираат жито подоцна можат да го продадат по повисока цена,“ предупредува Бродерсен. 

Кој ги поставува мините во Црното Море? 

Тврдење: „Не е Русија таа која одбива да ги отвори „украинските пристаништа“, туку Украина е таа која која одбива да ги отстрани мините од пристаништата и на тој начин да обезбеди безбеден излез на бродовите“, вели рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Полјански. 

Проверка на факти од ДВ: Не може да се докаже. 

Војната во Украина доведе до затворање на важни пристаништа во Црното и Азовското Море, а со тоа и драстичен пад на извозот на жито од Украина. Во дописи до Меѓународната поморска организација (ИМО), Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за  поставување мини во морето  поради што меѓународниот поморски сообраќај е во застој.

На 28 април, украинското Министерство за инфраструктура издаде декрет за затворање на пристаништата Бердјанск, Херсон, Мариупол и Скадовск поради нарушена безбедност. Рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Полјански на Твитер напиша: „Какво лицемерие! Не е Русија таа што одбива да ги отвори ‘украинските пристаништа', туку Украина е таа што одбива да ги исчисти мините од пристаништата“. Во извештај на новинската агенција АФП, објавен во „Москва Тајмс“ на 20 мај, се цитира портпаролот на француската армија кој вели дека и Русија и Украина поставиле мини во Црното Море и на пристаништата.

Infografik Führende Weizenproduzenten weltweit DE
Водечките земји-производители на жито во светот

Дали санкциите се виновни за високите цени на житото? 

Тврдење: „Нарушувањето на трговските, логистичките и финансиските синџири и последователниот пораст на светските цени на храната е директен резултат на бесмисленото конструирање на еднострани антируски ограничувања и закани за натамошно ескалирање на притисокот со нови санкциите врз Русија“, рече Марија Захарова, портпаролка на руското МНР, на прес-конференција на 18 мај во Москва.

Проверка на факти од ДВ: Неточно.

Захарова го обвинува Западот за „ширење лаги“ и вели дека Русија не е одговорна за недостигот на храна во светот. Уште во средината на 2020 година, извршниот директор на Светската програма за храна, Бисли, предупреди на опасноста од „библиски глад“, рече Захарова и додаде:

„Западните санкции против Русија ги зајакнаа овие тенденции.“ Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ги опишува наводите на Кремљ како „кампања за ширење дезинформација“ и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Берлин во средината на мај повторно јасно стави до знаење дека „нема никакви санкции против житото и хуманитарната помош“. Тоа го потврдува и Светската програма за храна: „Извозот на храна од Русија не е санкциониран“, изјави за ДВ портпаролот Мартин Ренш. Сепак, „не е економично да се купува од таму бидејќи цените се високи и има административни пречки“.

Здружението на руските извозници на пченица, Русгреин, кое вели дека е поддржано од руското Министерство за земјоделие пак со став: „Нагласуваме дека санкциите и извозните контроли против Русија влијаат или ќе влијаат на извозот на несуштинска храна и земјоделски производи за земјите во развој“, се вели во пораката на Твитер од Здружението.

Дали може да се замени украинското жито? 

Тврдење: „Позитивната вест е што може да се набавува и од други производители. Јазот очигледно може да се преброди“, вели Пер Бродерсен, директор на Германската агробизнис алијанса при Комитетот за источноевропски економски односи. 

Проверка на факти од ДВ: Точно. 

Украина е еден од најголемите светски производители и извозници на житарки и масла. Стравувањата од глад во посиромашните земји растат, бидејќи растат цените на храната,  а украинскиот извоз опаѓа. Затоа, Светската програма за храна бара нови добавувачи. 

„И нам ни влијаат цените на светскиот пазар и ги зголемуваат трошоците за нашето работење“, изјави за ДВ портпаролот на СПХ, Мартин Ренш. 

„Украина беше нашиот најголем извор на храна во однос на обемот на производството. Но, можеме да најдеме други извори на снабдување, на пример во Индија или Канада,“ вели тој. 

И Институтот за развој на земјоделството Лајбниц во транзициските економии (ИАМО), исто така, смета дека „дополнителниот извоз од други региони, вклучувајќи ги Индија, САД и Австралија, веројатно во голема мера ќе ги надомести намалените испораки од Русија и Украина“, пишува директорот на ИАМО, Томас Белив. За Пер Бродерсен од Комитетот за источноевропски економски односи ова е позитивна вест во „тажното сценарио“: „Јазот очигледно може да се преброди“, вели тој. „Сега може да влезат и други добавувачи“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница