Претседателските и локалните избори во Македонија на 22 март
10 јануари 2009Реклама
Велјановски подвлече дека претстојните избори треба да бидат фер и демократски, според највисоките европски стандарди, што е важен предуслов за приклучок на земјата кон ЕУ. За датумот вчера се согласија лидерите на четирите парламентарни партии: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Според Изборниот законик, изборната кампања започнува на 22 -от ден од распишувањето на изборите.