По примирјето на Блискиот Исток: радост и скепса | Свет | DW | 21.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

По примирјето на Блискиот Исток: радост и скепса

По единаесет дена жестоки борби меѓу Палестинците и Израел, во сила е примирје. Луѓето во регионот чувствуваат олеснување, но истовремено се прашуваат: колку долго ќе трае прекинот на огнот?

Возачите ги притискаат автомобилските сирени, возат делумно браник до браник. Светлината од фаровите е единствената што ја осветлува улицата. Зградите наоколу се темни, нема струја.

Сликите кои новинската агенција Ројтерс ги пренесе од градот Газа, прикажуваат нешто налик на живот во ноќните часови по улиците на Појасот Газа. Се гледаат одделни групи, се јавува за пукање од радост. 

Примирјето меѓу Израе и милитантните палестинси групи во Појасот Газа стапи во сила во два часот. Двете страни жестоко се бореа 11 дена.

„Ова не е договор за иднината“

И во Тел Авив луѓето ноќеска излегоа на улиците. Мислењата се поделени: „Мислам дека примирјето нема да трае ни осум часа. Тие повторо ќе испалуваат ракети и ќе се обидуваат да ги убиваат нашите луѓе“, вели еден човек. „Мислам дека е ова добро од хуманитарни причини, за цивилното население на двете страни да се смири малку. Но, не мислам дека Израел постигна многу, ова не е договор за иднината. Ова е ништо“, вели друг граѓанин.

Гутереш повика на дијалог

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави примирјето, повикувајќи ги двете страни да се придржуваат кон него: „Ќе биде тешко, но ќе биде исклучително важно да се одржи прекинот на огнот. Многу важна ќе биде програма за хуманитарна помош и обнова во Газа. Мислам дека ќе биде важно повторно заживување на мировниот процес, за да се постигне решението за две држави“.

Засега примирјето се одржува.

Успешни меѓународни посредувања

Од почетокот на ескалацијата, милитантните Палестинци истрелаа преку 4300 ракети врз Израел, тврди израелската армија. Израел пак изврши воздушни напади врз цели во Појасот Газа, на двете страни има мртви и ранети.

Сегашното постигнато примирје по најжестоките судири во последните години, се смета за успех на меѓународното посредништво. Во соопштението на израелскиот премиер стануваше збор за египетска иницијатива.

Повеќе:

Фотографија на денот: Прослава на примирјето

Кои се можни посредници во конфликтот на Блискиот Исток?

Кој е Хамас и кој го поддржува?

На повидок хуманитарна криза во Појасот Газа

Вклучени беа и САД, американскиот претседател Џо Бајден изјави: „Изразувам голема благодарност за претседателот ал-Сиси и високи по ранг египетски претставници за одиграната решавачка улога. Го ценам и придонесот на други страни во регионот, кои се ангажираа за ставање крај на непријателствата. Овие непријателства за последица имаат трагична смрт на бројни цивили, меѓу нив и деца. Мое сочувство до фамилиите, израелски и палестински, кои загубија свои блиски. Се надевам дека ранетите брзо ќе закрепнат.“

Додека светот одамна инсистираше на прекин на огнот, израелското раководство во изминатите денови упорно ја продолжуваше воената акција. Аргументацијата гласеше – целта е долгорочно ослабнување на милитантните палестински групи во Појасот Газа, изборување стратешки цели. И милитантните Палестинци продолжија со ракетирање на Израел не осврнувајќи се на повиците за прекин.

Како натаму?

Портпарол на Хамас ноќеска изјави дека палестинскиот народ го поддржал востанието. Тој е уверен дека ова е востание, кое ќе ја ослободи земјата и ќе ги заштити светите градови.

Колку долго ќе трае примирјето во овие услови, допрва ќе се покаже. Зашто, оружјето меѓу Израел и милитантните Палестинци често мируваше и досега – на одреден период. Но, тоа досега малку  промени во длабоко фундираните проблеми, во конфликтното сценарио.