Поразот на „кумот“ од Вашингтон - удар за европските популисти | Свет | DW | 10.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Поразот на „кумот“ од Вашингтон - удар за европските популисти

Источноевропските популистички влади, посебно во Полска и Унгарија, со Доналд Трамп го загубија својот политички „кум“. Ќе мора ли сега да се преориентираат и дали тоа ќе им го олесни животот на останатите Европејци?

US-Präsident emfängt Polens Präsidenten Duda

Доналд Трамп го прими полскиот претседател Анджеј Дуда

Својот став за источноевропските популистички влади Џо Бајден јасно го навести уште за време на изборната кампања. „Се гледа што се случува од Белорусија преку Полска па до Унгарија, и подем на тоталитарните режими во светот", изјави Бајден во еден говор пренесуван преку телевизијата Еј-Би-Си. Тоа што претседателскиот кандидат во еден кош ги фрли Лукашенко, Дуда и Орбан, претставува шлаканица за одредени десни популисти во Европа и предупредување во нивна насока.

Меѓу негирање и маневрирање

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, со неговите преуранети честитки до Доналд Трамп, беше целосно затечен од изборниот исход на претседателските избори во САД. Но, тој остана тврдоглаво на својата линија, повикувајќи се на „одолжувања на изборниот резултат и негирање на факти", па дури и неговиот сопствен министер за одбрана мораше да го опомене дека неговото однесување „не е во интерес на Словенија".

Варшава се задржа на дипломатска амбивалентност, упатувајќи честитки за „успешна претседателска кампања". „Полска сака да го задржи и зајакне исклучителното стратешко партнерство со САД", напиша претседателот Анджеј Дуда на викендот. Поразот  на Трамп за него е удар, зашто посетата во Белата куќа му донесе изборна помош, а Дуда се фалеше и со лично пријателство со американскиот претседател.

Повеќе на темата:

Трамп: Дел од американските војници од Германија ќе бидат преместени во Полска

Трамп ѝ продаде на Полска војници за милијарди

Зошто Доналд Трамп ја игнорира Германија?

Трамповите орбански соништа

Слично двозначни звучеа и честитките од Будимпешта. Шефот на кабинетот на Виктор Орбан изрази „песимизам" за време на пребројувањето на изборните гласови во САД. Се надевам дека надворешната поитика на новата демократска влада ќе биде „подобра од онаа на претходната", изјави Гергели Гуљас, алудирајќи на администрацијата на Барак Обама. Како негативност го констатираше фактот што изборниот штаб на Бајден за време на кампањата доби донација од Џорџ Сорос, човек кого унгарската влада го демонизира и чиј лик во земјата претставува синоним за сите наводни зла на западниот либерализам.

USA President Donald Trump trifft ungarischen Premierminister Viktor Orban in Washington

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Вашингтон кај Доналд Трамп

„Претседателството на Трамп значеше неограничена поддршка од Вашингтон", истакнува Петер Креко од Институтот „Политички капитал", либерален тинк-тенк од Будимпешта. „Владата на Бајден ќе реагира поостро против Унгарија поради демократските назадувања и корупцијата кај кинеските и руските инвестиции, таму каде Трамп прогледуваше низ прсти."

Никој не го сакаше Трамп толку многу колку Полска

Полска беше единствената земја во Европа во која мнозинството граѓани имаа позитивно мислење за Трамп, што покажаа и анкетите направени есеноска. А наклонетоста има и причини: Трамп ја поддржуваше Полска за воен бедем контра Русија, и ги береше плодовите, зашто јакнењето на американските трупи во Полска беше одлука донесена уште за време на администрацијата на Барак Обама. Освен тоа, американскиот претседател Трамп беше тврд критичар на гасоводот Северен тек 2, ја поддржуваше источноевропската интеграција во рамките на „Иницијативата за три мориња" и се сметаше за идеолошки сродна душа. Доналд Трамп надворешнополитички притоа беше и некој вид единствен пријател на во ЕУ прилично изолираната Полска.

„Изборниот резултат е удар за Качински и за Орбан, зашто двајцата се надеваа на Трамп", вели Пјотр Бурас од Европскиот совет за надворешни односи. Тоа важи помалку за Унгарија, која е стратешки неинтересна, додека полските безбедносни интереси беа тесно поврзани со САД. „Посебниот однос меѓу Вашингтон и Варшава ќе заврши со администрацијата на Бајден".

Освен тоа, проценката на Варшава во поглед на интересот на Трамп за Полска беше погрешна: нему првенствено му беше важен растројувачкиот потенцијал на полската политика во ЕУ и билдање тензичен однос кон Германија, во која Трамп гледаше свој главен непријател во Европа. Со Бајден ќе биде сосема спротивно: Полска би претставувала интересен партнер ако негува добри односи со Берлин. А целта на Бајден е зајакнување на ЕУ, не нејзино слабеење, и во никој случај отуѓување од Германија.

Polen Proteste gegen Abtreibungsverbot

Протести против забраната за абортус во Полска

За Полска победата на Бајден значи промена на перспективата: владејачката партија ПиС ја доживува својата најдлабока криза со континуираните протести против законите против абортус, поради нејзиниот мизерен менаџмент на пандемијата на коронавирус, споровите со ЕУ околу владеењето на правото и внатрешнополитичките превирања, вели Пјотр Бурас. Меѓутоа, тој не очекува промена на курсот, единствено корекција во полската политика.

И Марцан Заборовски, публицист во магазинот „Рес публика нова" смета дека Полска го загуби својот најблизок идеолошки партнер. Односите со САД можат и натаму да останат силни, но ќе бидат поматени поради несогласувања околу правата на хомосексуалците и владеењето на правото. Трамп напротив никогаш не ја искритикува полската политика, односот беше „исклучително пројателски". Значи, партијата ПиС на промената во Белата куќа гледа со загриженост, ако не дури и со одбивност. Нејзиниот главен идеолог Ружард Легутко веќе објави дека изборниот резултат во САД е „лоша порака за западниот свет", зашто САД ќе станат слични на „лево-либералната Европа". 

ЕУ и Тројанскиот коњ од Вашингтон

Европратеникот Сергеј Лагодински од германската Партија на Зелените верува дека на ЕУ ќе ѝ биде од помош ако Трамп веќе нема да може да ја држи својата заштитничка рака над популистите во Источна Европа. Тој ним им служеше како еден вид „алиби" за нивните политички застранувања. Со Бајден би се вратиле проевропските политичари, кои се залагаат за соработка со Брисел, а не би преферирале само одделни европски престолнини. Освен тоа, сега се веќе познати опасностите поврзани со илибералните и популистички развои. „Сега, кога го нема ‘кумот' од Вашингтон,  владеат подобрени предуслови во многу области", вели европратеникот.

Лагодински во поразот на Трамп гледа „удар против популистичката интернационала", истовремено предупредувајќи од преголема еуфорија: „Изборот ни овозможува пауза да собереме здив, но не ја растоварува Европа од извршување на нејзините домашни задачи". Тоа се однесува во прв ред на поголема стратешка независност, поголема координација во надворешната и безбедносната политика, односот кон Кина и многу други нешта. Но, Лагодински не очекува непосредни влијанија: и натаму се заканува можноста од вето од страна на Полска, Унгарија, па дури и Словенија против буџетот на ЕУ поради клаузулата за владеење на правната држава.

Меѓутоа, слично со други набљудувачи, и Лагодински е уверен дека без Тројанскиот коњ од Вашингтон во форма на американски претседател кому главна цел му е разединување и слабеење на Европа, животот во ЕУ во целина може да биде нешто полесен.

 

Реклама